Советување: „Спорни прашања во врска со доставата во ЗПП, со посебен осврт на електронската достава со скенирани поднесоци“ | Правдико

Правдико

   

Советување: „Спорни прашања во врска со доставата во ЗПП, со посебен осврт на електронската достава со скенирани поднесоци“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Спорни прашања во врска со доставата во парничната постапка, со посебен осврт на електронската достава со скенирани поднесоци “.

Советувањето ќе се одржи на 9 мај 2017 година во просториите на Академијата.

Советувањето е наменето за судии од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја, адвокати и претставници на Министерството за правда.

Излагачи на советувањето ќе бидат проф. д-р Татјана Зороска-Камиловска од Правниот факултет „Јустинијан Први“ и судија Антонета Димовска, судија на Основниот суд Скопје 2 Скопје.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk. Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.

Препорачуваме

Партнери на Правдико