Правдико

   

Советување: „Судска заштита во работни спорови/разлики помеѓу судска заштита во спорови за парични побарувања и спорови за отказ на договор за вработување “

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

logos

Согласно Kаталогот за задолжителна континуирана обука  за судии, јавни обвинители, претседатели на судови и јавни обвинители на јавните обвинителства, Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: Судска заштита во работни спорови/разлики помеѓу судска заштита во спорови за парични побарувања и спорови за отказ на договор за вработување “, кое ќе се одржи на 23 март 2015 година (понеделник), во просториите на Апелационен суд Битола, со почеток во 10:00 часот.  

Советувањето е наменето за судиите од граѓанските оддели од апелационо подрачје Битола

Во рамките на советувањето свое излагање ќе имаат: судија Киро Здравев, Врховен суд на Република Македонија и професор Д-р Зоран Михајлоски, Американ колеџ Скопје.

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на Советувањето се следните: 

  • Судска заштита по повод отказ на договор за вработување
  • Договор за вработување/ Плати и надоместоци од плата          

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Извор: Академија за судии и јавни обвинители

Партнери на Правдико