Советување „Управно-судска заштита на правата од интелектуална сопственост“ | Правдико

Правдико

   

Советување „Управно-судска заштита на правата од интелектуална сопственост“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

advokatska komoraАкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Данската Канцеларија за патенти и трговски марки, во рамките на ЕУ Твининг проектот „Зајакнување на спроведување на правата од интелектуална сопственост“ организира две дводневни советување на тема „Управно-судска заштита на правата од интелектуална сопственост“. Советувањата ќе се одржат во просториите на Академијата – ламела 1, во следните термини:

–   7 и 8  ноември 2016 година – понеделник и вторник, и

–   10 и 11 ноември 2016 година – четврток и петок.

Советувањето е наменето за судии од управни судови, испитувачи на трговски марки од ДЗИС и адвокати.

Излагачи на советувањето ќе бидат г. Јенс Феилберг, поранешениот претседател на Трговскиот суд на Копенхаген, и г. Торбен Енголм Кристенсен, главен правен советник во данската канцеларија за патенти и трговски марки.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk.

Програмата можете да ја  преземете од линкот подолу.

ПРОГРАМА Обука на управни судии за спроведување на правата од интелектуална сопственост

Препорачуваме

Партнери на Правдико