Советување: „Забрана за мачење – член 3 од ЕКЧП / Недостаток на ефикасна истрага“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Забрана за мачење – член 3 од ЕКЧП / Недостаток на ефикасна истрага“ кое предвидено да се одржи на 9 мај 2016 година (понеделник), во просториите на Академијата.
Советувањето е наменето за јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја, како и за адвокати.
На Советувањето свое излагање ќе имаат д-р Тодор Витларов, јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Штип и проф. д-р Гордан Калајџиев, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk.