Правдико

   

Спасов: Новите придонеси за хонорари само ако се надмине минималната плата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Ако месечните хонорари како вработен не ви ја надминуваат минималната плата плата од 9.590 денари, нема да морате да плаќате за дополнително социјално осигурување, појасни денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, извести Мета.

132466231

Тој, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, кажа дека Министерството не се премислило и уште од самиот почеток кога биле најавени измените во законот, било предвидено само пензионерите да бидат изземени од плаќањето дополнително социјално осигурување, а тоа што во јавноста се ширеле информации дека и функционерите ќе бидат ослободени од плаќање, биле само шпекулации.

– Во сите изјави што ги дававме, уште од самиот почеток велевме дека само пензионерите ќе бидат изземени од законот – рече Спасов.

На прашањето дали документот бил објавен по грешка, министерот рече дека тоа бил „работен документ на службите“.

– Вие сте гледале некаков работен документ што го правеле службите, во кој имало одговори на некои прашања, но тоа никогаш не бил официјален документ. Законот е јасен – рече Спасов.

На заедничката прес-конференцијата, министерот Спасов, заедно со директорот на Фондот за ПИОМ, Амет Даути, и со претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите, Драги Аргировски, информираше за проектот за бањско-климатска рекреација на корисници на пензија.

Извор: ПлусИнфо

Партнери на Правдико