Спасовски: Да се воведе вонредна состoјба во државата | Правдико

Правдико

   

Спасовски: Да се воведе вонредна состoјба во државата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата денеска донесе одлука да предложи вонредна состојба на целата територија на државата, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната прес-конференција.

„Ситуацијата наложува вонредни мерки, ова е вонредна ситуација и затоа е потребна вонредна состојба. Мерките досега ги дадоа очекуваните резултатите, но мерките мора да се радикализираат, за да спречиме уште поголем пик на коронавирусот.Таквата ескалација можеме да ја спречиме со вонредната состојба“, рече Спасовски.

Прелдогот треба да се достави до Собранието, но бидејќи Собранието е распуштено, постои уставна одредба дека претседателот има овластувања да прогласи вонредна состојба од 30 дена.

Во историјата на државата, ова е првпат да се прогласува вонредна состојба.

„Оваа мерка е една од најтешките мерки што ја донела било која Влада“, рече Спасовски, додавајќи:

„Ништо веќе не е исто. Животот радикално се промени, потребно е секој да се прилагоди на вонредноста и да има одговорно однесување. Ако сакаме да си ја заштитиме нацијата сите мораме да се однесуваме вонредно и одговорно. Сега е време исклучително да се справуваме со вирусот и ништо друго. Затоа сите да се кренеме на висина на задачата и да ја совладаме оваа ситуација“

Тој рече дека вонредната состојба ѝ дава можност на Владата да ги заштити граѓаните и економијата.

Препорачуваме

Партнери на Правдико