Спасовски не дојде на распит во обвинителство | Правдико

Правдико

   

Спасовски не дојде на распит во обвинителство – не добил покана

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска требаше да се појави на распит во Основното јавно обвинителство, но не се појави. За медиумите, Спасовски изјавил дека не добил покана од обвинителството.

Распитот е во рамки на предмет на истрага на обвинителството за наводни сомненија за лажирање на финансиските извештаи на СДСМ, како и начинот на финансирањето на партијата.

Во петокот во ОЈО на распит беше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој изјави дека Јавното обвинителство отвора контра истрага на секоја нова истрага на Специјалното јавно обвинителство и дека ќе докаже дека работел согласно законите.

– Повикани сме под сомневање на злоупотреба на изборна кампања, ни беа презентирани индициите за злоупотреба за изборната кампања 2016 година. Јасно ни е тоа што ни беше презентирано, усно од страна на обвинителот. Договорен е следниот чекор, во среда во 12 часот, согласно постапката, да направиме увид во доказите за да можеме да ја дадеме нашата одбрана. Како што знаете овде сме да ја докажеме нашата невиност, почитувајќи ги институциите, во нормална законска процедура да ја докажеме невиноста за којашто сме под сомнение како организатори на изборна кампања, јас, едно вработено лице во администрацијата на СДСМ и правното лице СДСМ – изјави во петокот Заев.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико