Спасовски: Не смееме да бидеме рамнодушни кон насилството врз жените | Правдико

Правдико

   

Спасовски: Не смееме да бидеме рамнодушни кон насилството врз жените

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

spasovski-oliver-640x363-1-630x357Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска присуствуваше на потпишувањето на декларацијата за спречување и заштита од различни форми на насилство врз жените и семејното насилство од страна на лидерите на политичките партии по повод 25-ти ноември- Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените.

-Како министер за внатрешни работи дадов поддршка на оваа декларација за спречување и заштита од различни форми на насилство врз жените и семејното насилство. Општеството мора да работи на превенција, на откривање на сите можни ризик фактори за спречување на оваа појава- рече министерот Спасовски.

Министерот Спасовски, не само како министер туку и како сопруг и татко на две девојчиња, истакна дека ниту како институции ниту како луѓе не смееме да бидеме рамнодушни кон родовото насилство и насилството врз жената.

Препорачуваме

Партнери на Правдико