Спасовски: покренати пет постапки за говор на омраза
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува денеска да има првични сознанија околу истрагата за автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово, кај село Ласкарци, во која загинаа 14 лица, а 37 лица беа повредени.
Тој додаде дека за говорот на омраза на социјалните мрежи во врска со оваа несреќаМинистерството за внатрешни работи веќе покренало пет постапки.
„Веќе се поднесени соодветни пријави во надлежните јавни обивнителства во Скопје, Струмица и во Куманово и секако дека ако се случуваат и во наредните денови ќе имаме реакција“, рече Спасовски.
Извор: Радио слободна Европа