Спасовски: Потребни се реформи за справување со организираниот криминал | Правдико

Правдико

   

Спасовски: Потребни се реформи за справување со организираниот криминал

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Организираниот криминал и корупцијата се две клучни области каде што Европската Унија со години ни дава забелешки. Потребни се понатамошни реформи во справувањето со определени видовиа организиран криминал како што се перењето пари и финансискиот криминал, како и подобрување на евиденцијата за истраги, обвиненија и пресуди во борбата против организираниот криминал. Oва го истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во своето денешно обраќање по повод завршувањето на проектот – „Јакнење на националните капацитети за борба против организираниот криминал и корупција“, што во рамки на ИПА-програмата на ЕУ се реализираше во изминатриот период.

„Сметам дека спроведувањето на овој проект дојде во вистинско време. Истиот имаше за цел да ја зголеми оперативната ефикасност на институциите за спроведување на законот за спречување сериозен и организиран криминал и подобрување на механизмите и меѓуинституционалната соработка во превенција и сузбивање на корупцијата“, потенцираше министерот Спасовски, кој наедно се осврна и на сработеното во делот од проектот насочен кон ресорот внатрешните работи.

Според Спасовски, беа подготвени повеќе документи и спроведени голем број обуки во делот на организираниот криминал, финансиските истраги и компјутерскиот криминал. Тој истовремено изрази надеж дека институциите ќе ја сфатат својата сериозност и одговорност и ќе бидат ефикасни спроведувачи на овие проекти.

„Најважно е да покажеме одлучна борба – а јас во тоа сум решен – против организираниот криминал и корупција, заради тоа што тоа ја јаде Република Македонија и иднината на нашите генерации“, нагласи Спасовски.

Инаку, носители на овој проект беа Министерството за правда, координатор во имплементација на компонента 1 (Превенција и спречување на корупцијата вклучително и подобрување на меѓуинституционалната соработка) и Министерството за внатрешни работи како координатор во имплементација на компонента 2 (Понатамошно зајакнување на капацитетите за борба против сериозен и организиран криминал). Покрај нив во имплементацијата на активностите предвидени со овој проект беа вклучени и Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување корупција, Управата за финансиско разузнавање, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Агенцијата за управување со одземен имот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико