Спасовски: Според сите анализи, Мијалков е уште во државата | Правдико

Правдико

   

Спасовски: Според сите анализи, Мијалков е уште во државата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Според досегашните анализи на МВР, Мијалков сè уште не е излезен од Македонија. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање рече дека ексдиректорот на тајната полиција сè уште е во државата.

„Според сите наши анализи, сметаме дека сè уште е во државата и дека не ја напуштил Република Северна Македонија. Тоа е согласно сите анализи и проценки, ако знаеме каде е ќе беше во притвор. Анализите и проценките се врз основа на потражните дејствија. Наша увереност е дека е во државата и се работи на негово пронаоѓање“, рече министерот Спасовски.

Министерот не чувствува лична одговорност за бегството на Мијалов оти тврди дека службите постапувале согласно она што се барало од нив и посочи дека требаат сериозни измени на целиот систем.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико