Спасовски: Злоупотреби на финансии и возила и огромна задолженост на МВР (ВИДЕО) | Правдико

Правдико

   

Спасовски: Злоупотреби на финансии и возила и огромна задолженост на МВР (ВИДЕО)

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Наместо за подобрување на стандардот на полицајците, минатото раководство на МВР трошело непродуктивно, открива министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервју за Макфакс. Спасовски вели дека полицајците седум години се без униформа, а за сметка на тоа, по стапувањето на функцијата, забележал огромна финансиска задолженост на МВР.

Во интервјуто првиот човек на МВР не открива дали по примерот на шефот на дипломатијата, Никола Димитров, ќе ги декласифицира документите за трошоците и службените патувања, но вели дека граѓаните мора да бидат информирани како и за што се трошело во МВР. „Лудост е да се класифицираат информации за тоа колку трошел министерот“, вели Спасовски.

Министерот е дециден: Нема да дозволи да се случи четврто прислушување на граѓаните во Македонија. Најавува кадровски промени во Внатрешната контрола на МВР, за која вели дека била партизирана. Спасовски најави дека побарале најстроги санкции за насилниците од 27 април и дека досега вкупно 45 припадници на полицијата, меѓу кои луѓе од највисокото раководство се суспендирани.

„Се сретнав со обвинителите од СЈО“, вели министерот и додава дека МВР ќе му овозможи непречена работа на ова обвинителство.

Спасовски не ги открива имињата на помошниците-министри во МВР. Вели, ирелевантни се имињата, она што е важно е да работат според принципите на добро владеење. Најави и дијалог со синдикатите на полицијата за прашањата кои го засегаат стандардот на полицајците.

В. Маглешов

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико