Специјализирана обука за новиот Закон за кривична постапка | Правдико

Правдико

   

Специјализирана обука за новиот Закон за кривична постапка

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sudstvo-31Од 23 до 24 декември 2013 година, во хотел Континентал во Скопје, со почеток во 10:00 часот, во организација на Академијата за судии и јавни обвинители, а во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОПДАТ Програмата при Амбасадата на САД, ќе се одржи триесет и втората специјализирана обука за новиот Закон за кривична постапка која ќе се однесува на модул 4 – Посебни постапки.  

Целта на обуката е целосна подготовка на правосудството за примена на новиот Закон за кривичната постапка, поточно да се презентираат новите законски решенија, да се дадат практични објаснувања на позначајните законски одредби, да се истакнат спорните ситуации и да се предложат мислења за нивно решавање, како и да се унапредат практичните знаења и вештини на правосудната полиција, судиите, јавните обвинители и адвокатите за постапувањето во кривичната постапка.

На обуката сите поважни одредби се разработени со теоретски дел кој е поткрепен со потребни материјали за практичните вежби, кои заедно со прирачникот за обуката се објавени на web страната на Академијата во одделот за работни материјали. Поради интерактивноста на обуката и потребата од реализација на вежби од страна на учесниците на обуката потребно е истите пред обуката да се запознаат со материјалите за вежбите.  

На обуката ќе присуствуваат вкупно 32 учесници и истата ќе биде спроведена од едукаторскиот тим во чиј состав се: г. Јани Нича, судија на Основниот суд Скопје 1, г-ѓа Маја Конеска, обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење за организиран криминал и корупција, г. Дељо Кадиев, адвокат од Скопје и г. Јаким Наумов, адвокат од Скопје. 

 Aгенда

Извор: Академија за судии и јавни обвинители

Препорачуваме

Партнери на Правдико