Специјализирана обука за судиите поротници
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев согласно член 42 став 3 од Законот за судовите (,,Службен весник на РМ’’ број 58/2006, 35/2008 и 150/2010) организира специјализирана обука за новоизбрани судии-поротници од апелационо подрачје Скопје и Штип, која ќе се одржи на 16 и 17 октомври 2017 година (понеделник и вторник) во просториите на Апелационен суд Скопје, со почеток во 10:00 часот.
Советувањето е од задолжителен карактер и по спроведената обука судиите поротници ќе полагаат тест.
На обуката свои излагања ќе имаат:
г-а Јованка Никодиновска, судија на Апелационен суд Скопје;
г-а Љубица Колиќ, судија на Основен суд Скопје 2;
д-р Милка Ристова, судија на Врховен суд на Република Македонија (во пензија); г-а Зуица Наумова, судија на Апелационен суд Скопје и
г-a Сузана Таскова Аџикотарева, Член на Државна Комисија за спречување на корупција (ДКСК).
Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:
- Модул 1 – „Општи познавања од областа на материјално граѓанско право“
- Модул 2 – „Имплементација на Законот за парнична постапкa
- Модул 3 – „Судир на интереси / Антикорупциски мерки / Етика и етички кодекс и Организација и надлежност на судовите“
- Модул 4 – „Општи познавања од областа на материјално казнено право / казнена политика“
- Модул 5 –„Имплементација на Законот за кривична постапка
Повеќе информации ТУКА