Специјализирана обука за судиите поротници | Правдико

Правдико

   

Специјализирана обука за судиите поротници

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев согласно член 42 став 3 од Законот за судовите (,,Службен весник на РМ’’ број 58/2006, 35/2008 и 150/2010) организира специјализирана обука за новоизбрани судии-поротници од апелационо подрачје Штип, која ќе се одржи на 10 и 13 февруари 2017 година (петок и понеделник) во просториите на Апелациониот суд Штип, со почеток во 10:00 часот.

Советувањето е од задолжителен карактер и по спроведената обука судиите поротници ќе полагаат тест.

На обуката свои излагања ќе имаат г-а Јованка Никодиновска, судија на Апелационен суд Скопје, г-а Љубица Колиќ, судија на Основен суд Скопје 2, д-р Милка Ристова, судија на Врховен суд  на Република Македонија (во пензија), д-р Тодор Витларов, Јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Штип, г-а Зуица Наумова, судија на Апелационен суд Скопје и г-a Сузана Таскова Аџикотарева, Член на Државна Комисија за спречување на корупција (ДКСК).

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:
Модул 1 – „Општи познавања од областа на материјално граѓанско право“
Модул 2 – „Имплементација на Законот за парнична постапкa
Модул 3 – „Судир на интереси / Антикорупциски мерки / Етика и етички кодекс и Организација и надлежност на судовите“
Модул 4 – „Општи познавања од областа на материјално казнено право / казнена политика“
Модул 5 –„Имплементација на Законот за кривична постапка

Повеќе информации ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико