Специјализирани обуки за судии поротници – Скопје, Битола и Штип | Правдико

Правдико

   

Специјализирани обуки за судии поротници – Скопје, Битола и Штип

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев согласно член 42 став 3 од Законот за судовите (,,Службен весник на РМ’’ број 58/2006, 35/2008 и 150/2010) организира специјализирана обука за новоизбрани судии-поротници од апелационо подрачје Штип, која ќе се одржи:

  • на 29 септември и 2 октомври 2017 година (петок и понеделник) во просториите на Апелационен суд Штип, со почеток во 10:00 часот.
  • на 22 и 25 септември 2017 година (петок и понеделник) во просториите на Апелационен суд Битола, со почеток во 10:00 часот.
  • на 15 и 18 септември 2017 година (петок и понеделник) во просториите на Апелационен суд Скопје, со почеток во 10:00 часот.

Советувањето е од задолжителен карактер и по спроведената обука судиите поротници ќе полагаат тест. 

На обуката свои излагања ќе имаат:

г-а Јованка Никодиновска, судија на Апелационен суд Скопје;

г-а Љубица Колиќ, судија на Основен суд Скопје 2;

д-р Милка Ристова, судија на Врховен суд  на Република Македонија (во пензија); г-дин Тодор Витларов, Јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Штип;

г-а Зуица Наумова, судија на Апелационен суд Скопје и

г-a Сузана Таскова Аџикотарева, Член на Државна Комисија за спречување на корупција (ДКСК).

Препорачуваме

Партнери на Правдико