Специјална операција на германската полиција против граѓани од поранешна Југославија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Германската полиција спроведува специјална операција против граѓани на поранешна Југославија. Во регионот на градот Келн, полицијата уште од раните утрински часови изведува специјална операција во потрагата на граѓани од поранешна Југославија, осомничени за сериозни криминални дејствија, пренесе во четвртокот регионалниот весник Das Rheinische Post.
Полициската акција почнала уште во 6 часот (по локално време) и се очекува да продолжи уште неколку часа, појасни портпаролот на органите на прогонот за редакцијата на весникот.
“Ги проверуваме становите и податоците на жителите. Главно станува збор за луѓе кои доаѓаат од поранешна Југославија “, истакна Хелена Фишер.
Во операцијата е активиран хеликоптер кој ја надгледува операцијата на полицијата.
Извор: Макфакс