Специјалниот јавен обвинител на работилница во Брисел говореше на тема „Зајакнување на отпорноста кон корупцијата и заробувањето на државата во Југоисточна Европа“ | Правдико

Правдико

   

Специјалниот јавен обвинител на работилница во Брисел говореше на тема „Зајакнување на отпорноста кон корупцијата и заробувањето на државата во Југоисточна Европа“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалниот Јавен обвинител г-ѓа Катица Јанева беше говорник на работилницата на тема „Зајакнување на отпорноста кон корупцијата и заробувањето на државата во Југоисточна Европа “ која се одржува денес, 14 јуни во Брисел, Белгија.

novi-prostorii-Katica-Janeva

 

Во фокусот на работилницата е размена на искуства во поглед на следење на имплементацијата на механизмите за борба против корупција, напредокот во спроведувањето на антикорупциските политики и следењето на имплементацијата на механизмите за борба против корупцијата. Воедно, основната цел на работилницата е размена на искуствата на учесниците во поглед на проблемите со кои се соочуваат во справувањето со корупцијата, како и значењето од вклучување на граѓанскиот сектор особено и во насока на реализација на иницијативите за регионална соработка со цел зајакнување на отпорноста кон корупција.

На работилницата учествуваат високи претставници на Европската комисија, членови на Европскиот парламент, како и претставници на граѓанскиот сектор од регионот и од Европа. Во своето обраќање Специјалниот jавен обвинител ја истакна важноста од овозможување на услови за непречено работење на институциите вклучени во процесот на справување со корупцијата особено од висок профил.

Како што нагласи, институциите имаат обврска да преземат мерки за да спречат овозможување на услови во кои индивидуи кои се раководат од лични интереси, ќе ги злоупотребуваат институционалните капацитети. Во оваа насока таа истакна дека и покрај секојдневните предизвици со кои се соочува Специјалното јавно обвинителство во меѓуинституционалната соработка, истото нема да го обесхрабрат во одлучноста и посветеноста да ја исполни мисијата која му е доверена водејќи се од принципот на еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите. Воедно, таа потенцираше дека улогата на граѓанскиот сектор има сериозен придонес во зголемување на свесноста за последиците од коруптивното однесување врз граѓаните е од исклучително значење во насока на обезбедување транспарентност и одговорност на институциите.

Во рамки на посетата на Брисел, покрај учеството на работилницата, Специјалниот јавен обвинител ќе оствари средби и со членови на Европскиот парламент.

Препорачуваме

Партнери на Правдико