Специјалниот суд на Косово ќе биде под целосна контрола на ЕУ | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Специјалниот суд на Косово ќе биде под целосна контрола на ЕУ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Косовската влада спрема нацрт закон за судот за воени злосторства каде главниот збор ќе го има Европската унија.

albancni-Axisoflogic-com

И покрај тоа што медиумите во Приштина се полни со наслови кои велат дека овој закон е неуставен и насочено против Косово, премиерот на Косово, Иса Мустафа тврди дека законот за Специјалниот суд е веќе во подготовка, и се спрема терен за потребните уставни измени кои треба да се направат во оваа насока.

Мустафа дури објави дека формира координативно тело на чело со претседателот на Косово, кое  го сочинуваат претседателот на парламентот, премиерот и еден министер.

“Засега, тоа е текстот на уставните измени кои ќе бидат како предлог во Собранието, за кој ќе одлучуваат пратениците”, рече Мустафа.

Тој додаде дека ќе бара средба и со опозиционите партии, за да ги информира за сите измени пред да се предадат во парламентот.

Судиите ги бира ЕУЛЕКС

Беким Блакај, директор на Фондот за хуманитарно право на Косово, кој има пристап до нацрт-документот за формирање на специјален суд и Канцеларијата на специјалниот обвинител на Косово,  вели  дека нацрт-документ е изготвен во ЕУ, но треба да биде донесен во Собранието на Косово.

“Ова е причината зошто тоа се смета за косовски закон. Само  Косовскиот парламент може да основа суд, иако нацртот е подготвен во ЕУ. А според член 3 на овој закон се наведува дека Специјалниот суд е составен дел, но независен од било кој суд во Косово. Врз основа на овој предлог, судиите ќе се бираат од страна на ЕУЛЕКС . Комисијата ќе направи листа на различни судии од целиот свет. Како што го разбирам, секој судија ќе биде во можност да аплицира, но шефот на ЕУЛЕКС ќе  ја направи селекцијата “објаснува Блакај, истакнувајќи дека документот јасно предвидува дека ќе има и  локални судии и обвинители.

“Од основањето, судот ќе има мандат од пет години, со можност за продолжување. Според истиот предлог, седиштето на судот ќе биде во Косово, но и во некоја странска земја со која Косово ќе потпише договор . Исто така, врз основа на овој предлог-закон, ОН ќе нема никаква надлежност кон овој суд.”, вели Блакај.

Она што е интересно,  е фактот дека седиштето на Судот во Косово ќе има повеќе административна улога, а процесите ќе се одржуваат во седиштето на судот кој ќе биде надвор од Косово.

Блакај објаснува дека обвинетите притворот и казната ќе ја издржуваат надвор од Косово.

Извор: Правда

Препорачуваме

Партнери на Правдико