Специјалните обвинителки ќе поведат постапка против судијката Михајлова | Правдико

Правдико

   

Специјалните обвинителки ќе поведат постапка против судијката Михајлова

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалните јавни обвинителки Фатиме Фетаи и Катица Јанева информираа дека ќе поведат постапка против судечката судијка во предметот за настаните во општината Центар и дека ќе се жалат.

– Фактичката состојба не соодветстува со записникот што ни е доставен, а ние согласно законот имаме право на снимка и аудио – рече Јанева.

Фетаи ги појасни причините за поведување постапка против судијката Татјана Михајлова, која денеска го одложи денешното рочиште велејќи дека нема услови за одржување на процес и наложи во записник да влезе дека целокупниот материјал од денешното рочиште со сите списи да се достават до Советот на јавни обвинители, како според неа, надлежен врз СЈО.

– Судијката направила итнелектуален фалсификат. Дел од новинарите кои бевте присутни на претходното рочиште може да бидете сведоци дека јас како застапник на обвинението се произнесов по однос на употребливоста на незаконските следените комуникации како докази, а јавноста беше исклучена. Вие не бевте присутни, откако се вративе судијата тивко прочита дел од она што беше кажано од наша страна. Во записникот е наведено сосема обратна ситуација, односно дека јас сум се произнела во присуство на јавноста, одбраната на обвинетиот и дека јавноста била исклучена единствено кгоа се слушале адуио снимките, што не е точно. Има и други работи, но ќе ја почекаме аудио визуелната снимка на која имаме право согласно законот за кривична постапка и тоа во рок од 24 часа, а од 16 декември до сега е поминат подолг временски период – истакна Фетаи.

Таа додаде дека ваквото постапување, односно интелектуалниот фалсификат којшто е направен од страна на судечкиот судија има своја сооветна кривично правна норма предвидена во Кривичниот законик која што го санкционира ваквото поведение.

– Во прирема е пријавата, само што не знаеме зошто предметот ќе го праќа во советот на јавните обвинители. Тоа е смешно, затоа што прво треба да го прати во Судскиот Совет за да оттаму прво се произнесат во врска со нејзината рабтоа, а потоа со нашата работа. Ние ќе си го известиме советот за оваа ситуација и ќе си се жалиме – додаде Јанева.

На прашањето дали може судот да им го одзеде предметот, таа истакна дека не може, истакнувајќи дека имаат снимки, а дека ако продолжат со исто однесување тие имаат механизми кои можат да ги употребат.

Судијката на денешното рочиште ги казни Јанева и Фетаи со по две илјади евра.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико