Специјално одделение во затворот Идризово за борци на ИСИС | Правдико

Правдико

   

Специјално одделение во затворот Идризово за борци на ИСИС

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Нов блок за борците од ИСИС или други терористички организации се подготвува во затворот Идризово со посебни услови, надзор и работа со социолози, психијатри, ќе бидат третирани странските борци.

Институциите ги дочекаа седумтемина терористи од исламска држава во стари услови во притворското одделение во Шутка и без посебна програма за ресоцијализација на осомничени лица . Заменик националниот координатор за борба против тероризам Златко Апостоловски вели дека во рамки на стратегијата 2018/22 има програма за странските борци кои се прифатени назад во матичните држави. Ресоцијализација според него треба да почне во новото одделение.

„Се размислува на кој начин да се внесе и верско лице кое ќе работи со тие затвореници но за тоа првин треба да собереме искуства од земји каде се практикува тоа. Потоа да испратиме на обука верски старешни за да се стекнат со искуство. Сооглед дека таквите затвореници се враќаат од подрачја зафатени од војна и си ги носат тие трауми се наметнува потребата кога се на издржување на казна од страна на стручни психолози да имаат засилен надзор и работа“, вели Апостоловски.

Апостоловски вели дека една од целите на комитетот чијазадача е борба против тероризамот и насилниот екстремизам е интегрирањето на осудените борци откако ќе им заврши казната. Прво ќе се формираат совети за борба против овие појави во рамки на општините.

„Најчесто напаѓана структура на лица за радикализација се средношколци, а токму поради тоа образованието е зафатено со мерки и активности кои се состојат во тоа да ги обучиме наставниците рано да ги препознаваат знаците на промена кај одредени ученици“, вели Апостоловски.

Досега осудени се 23 лица за учество во странска војска, а наскоро ќе излезе првиот осуден Стефан Стефановски кој од православието премина во исламот и стана суфијан. Извори од безбедносните служби информираат дека Македонија е безбедна земја, но дека секогаш постои опасност од терористички закани.

Проценките се дека 156 македонски државјани се поврзани со Сирија. Според мапата на националната стратегија  главни локации за постоење на насилниот екстремизам се Чаир, Серава, Гази Баба, Тетово, Гостивар и Куманово. Странски терористички борци се млади машки лица кои развивале релации со група радикални имами што делуваат во скопскиот регион.

Извор: ТВ24

Препорачуваме

Партнери на Правдико