Правдико

   

Специјалното јавно обвинителство денес поднесе две жалби до судот за предметот во јавноста познат како Тврдина

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалното јавно обвинителство денеска поднесе две жалби до Основен суд Скопје I во врска со предметот „Тврдина“. Соопштението од СЈО во кое е наведен и текстот од жалбите, Ви го пренесуваме во целост:

sjo

Во врска со прашањата од страна на неколку медиуми за предметот во јавноста познат како „Тврдина“, а со оглед дека од судот беа доставени две барања за доуредување на предлогот за определување на мерка притвор и предлогот за определување на мерки на претпазливост и имајќи предвид дека од страна на судот се отфрлени и предлогот за притвор и предлогот за мерки на претпазливост ве информираме дека во предвидениот рок до судот се доставени две жалби кои во анонимизирана форма ги објавуваме.

I.

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите со наредба НСК-КО.бр.17/15 од 29.03.2016 година спроведува истражна постапка поради постоење на основано сомневање дека осомничениот Г.Г. сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.22 од КЗ, кривично дело Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 во врска со член 23 од КЗ и едно кривично дело Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од КЗ.

Поради постоење на околности кои укажуваа на опасност од бегство, постоење основан страв дека ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело и особени околности кои укажуваа дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци, беше поднесен предлог НСК – КО 17/15 од 29.03.2016 година спрема осомничениот Г.Г. да биде определена мерката притвор, а врз основа на одредбите од чл.165 ст.1 т.1, 2 и 3 од ЗКП.

Постапувајќи по ваквиот предлог, судијата на претходна постапка при Основен суд Скопје I Скопје донесе решение IV КОК-ПП.бр.103/16 од 30.03.2016 година со кое се определува мерка притвор против осомничениот Г.Г. во траење од 30 дена, сметано од 30.03.2016 година од 14,52 часот до 29.04.2016 година до 14,52 часот.

Незадоволен од ваквото Решение, осомничениот Г.Г., преку неговите бранители Боро Тасевски, адвокат од Скопје и Љупчо К.Наумовски, адвокат од Охрид, до Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје I Скопје, поднесе жалба во која се посочува дека судот направил суштествени повреди на одредбите на кривичната постапката при донесување на нападнатото решение во смисла дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите не е овластен тужител во конкретниот предмет и се предлага предлогот за определување на мерка притвор да се отфрли како предлог поднесен од неовластен тужител, а решението IV КОК-ПП.бр.103/16 од 30.03.2016 година на судијата на претходна постапка да се укине.

Постапувајќи по наведената жалба, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје I Скопје донесе решение КИОК-КС.бр.39/16 од 01.04.2016 година со кое жалбата на осомничениот се одбива како неоснована, а по повод жалбата по службена должност решението на судијата на претходна постапка IV КОК-ПП.бр.103/16 од 30.03.2016 година се преиначува, се укинува мерката притвор и против осомничениот Г.Г. се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

Меѓу другото, во образложениото на ова решение Кривичниот совет се осврнал на жалбените наводи на одбраната дека во конкретниот случај Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите не е надлежно да постапува по предметот, меѓутоа истите воопшто не ги прифатил со образложение дека во овој стадиум на постапката судот е должен да ги превземе оние дејствија во постапката за кои постои опасност од одлагање како што е одлучувањето за мерката притвор.

Имајќи ја во предвид одлуката на Претседателот на РМ за помилување-ослободување од гонење без спроведување на постапка бр.08-536/1 од 12.04.2016 година и решението бр.08-536/2 од 12.04.2016 година со кое на лицето Г.Г. му е дадено ослободување од гонење за започната кривична постапка, судијата на претходна постапка на Основен суд Скопје I Скопје донесе решение II КОК ПП.бр.103/16 од 14.04.2016 со кое определената мерката куќен притвор спрема осомничениот Г.Г. е укината.

Претседателот на Р.Македонија донесе одлука бр.08-857/1 од 07.06.2016 година со која се поништува одлуката за помилување-ослободување од гонење, без спроведување на постапка бр.08-536/1 од 12.04.2016 година и решение бр.08-857/2 од 07.06.2016 година со кое се поништува решението бр.08-536/2 од 12.04.2016 година со кое на лицето Г.Г. му е дадено ослободување од гонење за започната кривична постапка.

Со оглед на ваквата одлука и решение на Претседателот на Република Македонија, ова Јавно обвинителство наоѓа дека не постојат повеќе правни пречки за продолжување на започнатата кривична постапка против осомничениот Г.Г. поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.22 од КЗ, кривично дело Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 во врска со член 23 од КЗ и едно кривично дело Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од КЗ.

Поради наведеното Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите поднесе предлог за определување мерка притвор НСК – КО 17/15 од 09.06.2016 година, а поради постоење на основите за определување на ваква мерка предвидени во чл.165 ст.1 т.1, 2 и 3 од ЗКП.

Постапувајќи по ваквиот предлог, судијата на претходна постапка на Основен суд Скопје I Скопје до ова Јавно обвинителство достави допис бр. I КОК ПП бр.206/16 од 10.06.2016 година за уредување на предлогот за определување мерка притвор согласно чл.87 ст.3 од ЗКП.

Од содржината на наведниот допис произлегува дека всушност судот сега, по повод повторно поднесениот предлог за определување на мерка притвор, ја проблематизира стварната надлежност на ова јавно обвинителство со барање да се наведе од кој временски период произлегува содржината на комуникацијата од незаконското следење на комуникациите и содржината од која произлегуваат кривичните дела, се со цел за да се утврди дали предлогот за определување мерка притвор е поднесен од овластен тужител во смисла на чл.166 од ЗКП и чл.17 ст.1 од ЗКП в.в чл.2 и чл.5 ст.1 од Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Постапувајќи во предвидениот рок од 3 дена, ова Јавно обвинителство до судијата на претходна постапка, достави допис НСК – КО 17/15 од 13.06.2016 година во кој детално беа образложени причините од каде произлегува стварната надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во овој предмет.

Со решение I КОК ПП.бр.206/16 од 14.06.2016 година, судијата на претходна постапка го отфрли предлогот за определување на мерка притвор против осомничениот Г.Г.

Имајќи го предвид диспозитивот на донесеното решение и образложението на истото, наоѓам дека судијата на претходната постапка  сторил суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од чл.415 ст.1 т.11 и ст.2 од истиот член од ЗКП.

Суштествената повредба на одредбите на кривичната постапка од чл.415 ст.2 од ЗКП се состои во тоа што при донесувањето на нападнатото решение судот неправилно ги применил одредбите од чл.17, чл.166 и чл.294 ст.1 од ЗКП.

Нејасен е фактот дали судот ценел дека, не се исполнети предусловите во однос на неуредност на предлогот за определување на мерка притвор или не се исполнети предусловите во смисла на стварната надлежност на ова јавно обвинителство, односно судот не е јасен во смисла на самото спорење и побивање на надлежноста на ова јавно обвинителство. Исто така не е јасно кој е клучниот факт при носењето на решението истото да се отфли, дали истиот поаѓал од неуредност или ненадлежност на ова обвинителство.

Во таа смисла во членот 87 ст.3 од ЗКП е определено судијата на претходна постапка да го повика подносителот, во конкретниот случај ова Јавно обвинителство да го исправи, односно да го дополни предлогот за определување на мерка притвор доколку истиот е наразбирлив или не содржи се што е потребно. Во конкретниот случај поднесениот предлог е рабирлив и ги содржи сите елемнети што се потребни да судот одлучува по истиот при што судијата на претходна постапка повикувајќи се на оваа одредба ги пречекорил своите овластување и наместо итно да постапува по оправданоста на предлогот за определување на мерка притвор се впушта во барања за доставување на докази со кои ова Јавно обвинителство би го докажал статусот на овластен тужител.

Имено, наводите од решението I КОК ПП.бр.206/16 од 14.06.2016 година, а кои се однесуваат на законски лимитирана стварна надлежност на ова обвинителство која се однесува на овластување да истражува и гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите извршено во периодот меѓу 2008 до 2015 година, вклучително, но не и ограничено на аудио снимки и транскрипти поднесени до Јавното обвинителство пред 15 јули 2015 година, се нејасни и противречни.

Конкретно ова јавно обвинителство според специјалниот закон има исклучива надлежност да гони кривични дела кои се поврзани и кои произлегуваат од незконското следење на комуникациите. Во тој контекст ова јавно обвинителство не е ограничено во однос на временскиот период на конкретните кривични дела и дејствијата кои произглегуваат од нивното извршување, бидејќи истите се поврзани и произлегуваат со неовластено следење на комуникациите и тоа е исклучива надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, поради фактот што, самото име на ова јавно обвинителство кажува, зошто е тоа основано и која е неговата примарна цел.

Имено, јасно законодавецот ги одвоил и разликува две категории на процесна надлежност, исклучиво на ова јавно обвинителство. Едната е кривичните дела да бидат поврзани со неовластено следење на комуникациите и втората е кривичните дела да произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите. Поврзаноста опфаќа многу поширок спектар и таа ги опфаќа сите криминални дејствија извршени во насока на злоупотреба на системите на следење на комуникациите, нивно уништување заради попречување на откривање на лицата кои го злоупотребиле системот и  секако тука неизбежен дел е и случајот познат како „Пуч“. За сите овие дејствија судот неможе да очекува дека ќе постои комуникација. Напротив, тоа се дејствија со кои е овозможено незаконското следење на комуникациите и спречување на докажување за злоупотреба на таквите средства. Од тука апсурдно е тврдењето на сдот дека е потребно кумулативно да постои и поврзаност со неовластено следење на комуникации и кривични дела кои што директно произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите.

Впрочем дејствијата кои што му се ставаат на товар на осомничениот Г.Г. се во насока на уништување на системите од каде е произлезена содржината на комуникациите и од ова е многу јасно кое јавно обвинитлство е надлежно за гонење на предметните кривични дела кои му се ставаат на товар на осомничениот Г.Г.

Судот во образложението на решението и својата логика дека мора кумулативно да бидат исполнети двата услови за ова јавно обвинителство да биде надлежно да постапува го поврзува со сврзникот „и“ елаборирајќи дека во правото сврзникот „и“ значи кумулација. По таа логика на судот може слободно да се погледне чл.21 т.7 од ЗКП каде во објаснувањето на поимот тужител е наведено дека тоа е јавниот обвнител и приватниот тужител. Ако се примени таквото толкување на судот и врз одредбата на чл.21 т.7 од ЗКП произлегува дека во кривичната постапка пред судот како овластен тужител истовремено и заедно треба да бидат јавниот обвинител и приватниот тужител, „кумулативно“. Во погоренаведената смисла се многу други одредби од ЗКП како што се меѓудругото и одредбите за правата на оштетениот и приватниот тужител наведени во чл.62 ст.1, чл.64 ст.1 и други одредби од ЗКП кои не би елаборирале подробно, а ваквото јазично толкување за значењето на сврзникот „и“ е крајно нелогично.

Сосема логично е дека законодавецот во чл.5 ст.1 од Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, опредлеува за кои кривични дела е овластен да истражува и гони ова Јавно обвинителство и јавниот обвинител кој раководи со истото и тоа како прва категорија на кривични дела ги определил кривичните дела кои се поврзани со неовластеното следење на комуникациите и како втора категорија криичните дела кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите.

Стварната надлежност на ова јавно обвинителство произлегува од Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, согласно кој ова обвинителство е овластен тужител за сите кривични дела кои се поврзани и произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, а особено на делата кои се директно поврзани со незаконското следење на комуникациите како што е во конкретниот случај. Судот со пресуда врз основа на предлог спогодба од 25.02.2015 година, утврдил дека незаконското следење на комуникациите е вршено преку искористување на уредите за прислушкување и тонско снимање на техничките капацитети на средствата за следење на комуникациите при МВР. Исто така во правна сила е и обвинителен акт чија што појдовна основа е токму вака утврденото незаконско следење на комуникациите, а за кои случаи обвинителството веќе има воспоставено стварна надлежност која што во досегашниот тек на постапката не е оспорено од страна на судот.

Согласно член 30 од ЗКП судот е должен да внимава на својата надлежност, а во овој случај надлежноста на специјалното јавно обвинителство извира од законот, кој ја регулира надлежноста на ова јавно обвинителство, а во смисла на чл.166 од ЗКП и чл.17 ст.1 и ст.2 од ЗКП вв чл.2 и чл.5 ст.1 од Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, ЗКП бара подносител на предлог за притвор да биде овластен тужител, а согласно чл.21 т.7 од ЗКП, истиот не оперира со термин надлежен овластен тужител.

Впрочем постапката по предлог за притвор е итна и законодавецот со ниту една одредба не му дал право на судот во таква ситуација да ја утврдува надлежноста на јавниот обвинител како претходно прашање и да бара и изведува докази во таа насока. Таквиот став на судот во ситуација кога има стрикни рокови за одлучување по предлог за мерка притвор ќе доведе до апсурдни ситуации да во секој предмет судот најпрвин ја расправа надлежноста, па потоа да постапува по барањето, со извонредна можност осомничениот во меѓувреме да стане недостапен.

Дури и членот 294 ст.1 од ЗКП на кој судот се повикува како основ за донесување на ова решение, законодавецот не му овозможил да претходно расправа одредена правна ситуација, конкретно во овој случај надлежноста, пред да одлучува по основаноста на предлогот за определување на мерка притвор.

Ваквиот став наоѓа потврда и во решението КИОК-КС.бр.39/16 од 01.04.2016 година на Кривичниот совет на истиот суд.

Поради наведените суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка во обжаленото решение судот сосема погрешно ја утврдил фактичката состојба во делот на стварната надлежност, односно легитимираност на ова Јавно обвнителство како овластен тужетел во конкретниов предмет, и ако како што наведов погоре и согласно чл.294 од ЗКП такво право судијата на претходна постапка немал.

Од претходно наведените причини,

П Р Е Д Л А Г А М

Кривичниот совет при Основниот суд скопје I Скопје да ја уважи жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, да го укине решението на судијата на претходна постапка во Основниот суд Скопје I Скопје I КОК ПП бр. 206/16 од 14.06.2016 година и предметот да го упати на повторно одлучување.

II.

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против Г. Г., Т. Ј., Г. Ј. и Н. Б. поради постоење на основано сомнение дека осомничениот Г. Г. сторил кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 1 в.в. член 22 од КЗ и кривично дело Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 в.в. член 23 од КЗ и едно кривично дело Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од КЗ, осомничениот Т.Ј. сторил кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 1 в.в. член 22 од КЗ и кривично дело Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од КЗ, осомничената Г.Ј. сторила кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 1 в.в. член 22 од КЗ и осомничениот Н.Б. сторил кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 1 в.в. член 24 од КЗ и кривично дело Фалсификување службена исправа од член 361 став 2 в.в. став 1 од КЗ. Во однос на осомничената В.С. согласно член 468 од ЗКП се води скратена постапка, поради постоење на основано сомнение дека сторила шест кривични дела – Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од КЗ.

Поради постоење на основите за определување на мерки на претпазливост, ова Јавно обвинитеслтво поднесе предлог за определување на такви мерки НСК.КО.бр.17/15 од 31.03.2016 година спрема осомничените Т. Ј., Г. Ј., Н. Б. и В. С.

Постапувајќи по наведениот предлог, судијата на претходна постапка при Основен суд Скопје I Скопје донесе решение II КОК ПП бр.105/16 од 25.04.2016 година со кое предлогот за определување на мерки на претпазливост се отфрла, од причини што пред да биде постапено по поднесениот предлог, Претседателот на Р.Македонија донесе одлука за помилување-ослободување од гонење, без спроведување на постапка под бр.08-536/1 од 12.04.2016 година и решенија со кои им се дава ослободување од гонење на осомничените Т. Ј., Г. Ј., Н. Б. и В. С.   за кривичните дела за кои беше започната кривичната постапка.

Имајќи предвид дека, Претседателот на Р.Македонија донесе одлука бр.08-794/1 од 27.05.2016 година за лицата Т. Ј. и Г. Ј.и одлука бр.08-857/1 од 07.06.2016 година за лицата Н.Б. и В.С. за поништување на одлуката за помилување-ослободување од гонење, без спроведување на постапка бр.08-536/1 од 12.04.2016 година, како и поединечни решенија за секој од наведените лица со кои се поништуваат горе наведените поединечни решенија со кои им се дава ослободување од гонење за започнатата кривична постапка, ова Јавно обвинителство наоѓа дека не постојат повеќе правни пречки за продолжување на започнатата кривична постапка против осомничените Т. Ј. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 1 в.в. член 22 од КЗ и кривично дело Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од КЗ, осомничената Г. Ј. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 1 в.в. член 22 од КЗ, осомничениот Н. Б. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 1 в.в. член 24 од КЗ и кривично дело Фалсификување службена исправа од член 361 став 2 в.в. став 1 од КЗ и против осомничената В.С. за шест кривични дела – Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од КЗ.

Поради наведеното Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите поднесе предлог за определување мерки на претпазливост против осомничените Т. Ј., Г. Ј., Н. Б. и В. С.  под НСК – КО бр. 17/15 од 09.06.2016 година.

Постапувајќи по ваквиот предлог, судијата на претходна постапка на Основен суд Скопје I Скопје до ова Јавно обвинителство достави допис бр. I КОК ПП бр.207/16 од 10.06.2016 година за уредување на предлогот за определување мерки на претпазливост согласно чл.87 ст.3 од ЗКП.

Од содржината на наведниот допис произлегува дека всушност судот сега, по повод повторно поднесениот предлог за определување на мерки на претпазливост, ја проблематизира стварната надлежност на ова јавно обвинителство со барање да се наведе од кој временски период произлегува содржината на комуникацијата од незаконското следење на комуникациите и содржината од која произлегуваат кривичните дела, се со цел за да се утврди дали предлогот за определување мерки на претпазливост е поднесен од овластен тужител во смисла на чл.166 од ЗКП и чл.17 ст.1 од ЗКП в.в чл.2 и чл.5 ст.1 од Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Постапувајќи во предвидениот рок од 3 дена, ова Јавно обвинителство до судијата на претходна постапка, достави допис НСК – КО 17/15 од 13.06.2016 година во кој детално беа образложени причините од каде произлегува стварната надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во овој предмет.

Со решение I КОК ПП.бр.207/16 од 14.06.2016 година, судијата на претходна постапка го отфрли предлогот за определување на мерки на претпазливост против осомничените Т. Ј., Г. Ј., Н. Б. и В. С.

Имајќи го предвид диспозитивот на донесеното решение и образложението на истото, наоѓам дека судијата на претходната постапка  сторил суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од чл.415 ст.1 т.11 и ст.2 од ЗКП.

Суштествената повреда на одредбите на кривичната постапка од чл.415 ст.2 од ЗКП се состои во тоа што при донесувањето на нападнатото решение судот неправилно ги применил одредбите од чл.17, чл.166 и чл.294 ст.1 од ЗКП.

Нејасен е фактот дали судот ценел дека, не се исполнети предусловите во однос на неуредност на предлогот за определување на мерки на претпазливост или не се исполнети предусловите во смисла на стварната надлежност на ова јавно обвинителство, односно судот не е јасен во смисла на самото спорење и побивање на надлежноста на ова јавно обвинителство. Исто така не е јасно кој е клучниот факт при носењето на решението истото да се отфли, дали истиот поаѓал од неуредност или ненадлежност на ова обвинителство.

Во таа смисла во членот 87 ст.3 од ЗКП е определено судијата на претходна постапка да го повика подносителот, во конкретниот случај ова Јавно обвинителство да го исправи, односно да го дополни предлогот за определување на мерки на претпазливост доколку истиот е наразбирлив или не содржи се што е потребно. Во конкретниот случај поднесениот предлог е рабирлив и ги содржи сите елемнети што се потребни да судот одлучува по истиот при што судијата на претходна постапка повикувајќи се на оваа одредба ги пречекорил своите овластување и наместо итно да постапува по оправданоста на предлогот за определување на мерки на претпазливост се впушта во барања за доставување на докази со кои ова Јавно обвинителство би го докажал статусот на овластен тужител.

Имено, наводите од решението I КОК ПП.бр.207/16 од 14.06.2016 година, а кои се однесуваат на законски лимитирана стварна надлежност на ова обвинителство која се однесува на овластување да истражува и гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите извршено во периодот меѓу 2008 до 2015 година, вклучително, но не и ограничено на аудио снимки и транскрипти поднесени до Јавното обвинителство пред 15 јули 2015 година, се нејасни и противречни.

Конкретно ова Јавно обвинителство според специјалниот закон има исклучива надлежност да гони кривични дела кои се се поврзани и кои произлегуваат од незконското следење на комуникациите. Во тој контекст ова Јавно обвинителство не е ограничено во однос на временскиот период на конкретните кривични дела и дејствијата кои произглегуваат од нивното извршување, бидејќи истите се поврзани и произлегуваат со неовластено следење на комуникациите и тоа е исклучива надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, поради фактот што, самото име на ова јавно обвинителство кажува, зошто е тоа основано и која е неговата примарна цел.

Имено, јасно законодавецот ги одвоил и разликува две категории на процесна надлежност, исклучиво на ова јавно обвинителство. Едната е кривичните дела да бидат поврзани со неовластено следење на комуникациите и втората е кривичните дела да произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите. Поврзаноста опфаќа многу поширок спектар и таа ги опфаќа сите криминални дејствија извршени во насока на злоупотреба на системите на следење на комуникациите, нивно уништување во насока на попречување на откривање на лицата кои го злоупотребиле системот и  секако тука неизбежен дел е и случајот познат како „Пуч“. За сите овие дејствија судот неможе да очекува дека ќе постои комуникација. Напротив, тоа се дејствија со кои е овозможено незаконското следење на комуникациите и спречување на докажување за злоупотреба на таквите средства. Од тука апсурдно е тврдењето на усдот дека е потребно кумулативно да постои и поврзаност со неовластено следење на комуникации и кривични дела кои што директно произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите.

Впрочем дејствијата кои што им се ставаат на товар на осомничените се во насока на уништување на системите од каде е произлезена содржината на комуникациите и од ова е многу јасно кое јавно обвинителство е надлежно за гонење на предметните кривични дела.

Судот во образложението на решението и својата логика дека мора кумулативно да бидат исполнети двата услови за ова јавно обвинителство да биде надлежно да постапува го врзува со сврзникот „и“ елаборирајќи дека во правото сврзникот „и“ значи кумулација. По таа логика на судот може слободно да го погледне чл.21 т.7 од ЗКП каде во објаснувањето на поимот тужител е наведено дека тоа е јавниот обвнител и „приватниот тужител“. Ако се примени таквото толкување на судот и врз одредбата на чл.21 т.7 од ЗКП произлегува дека во кривичната постапка пред судот како овластен тужител истовремено и заедно треба да бидат јавниот обвинител и приватниот тужител, „кумулативно“. Во погоренаведената смисла се многу други одредби од ЗКП како што се меѓидругото и одредбите за правата на оштетениот и приватниот тужител наведени во чл.62 ст.1, чл.64 ст.1 и други одредби од ЗКП кои не би елаборирале подробно, а ваквото јазично толкување за значењето на сврзникот „и“ е крајно нелогично.

Сосема логично е дека законодавецот во чл.5 ст.1 од Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите определил за кои кривични дела е овластено да истражува и гони ова Јавно обвинителство јавниот обвинител кој раководи со истото и тоа како прва категорија на кривични дела ги определил кривичните дела кои се поврзани со неовластено следење на комуникациите и како втора категорија кривичните дела кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.

Стварната надлежност на ова јавно обвинителство произлегува од Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, согласно кој ова обвинителство е овластен тужител за сите кривични дела кои се поврзани и произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, а особено на делата кои се директно поврзани со незаконското следење на комуникациите како што е во конкретниот случај. Судот со пресуда врз основа на предлог спогодба од 25.02.2015 година, утврдил дека незаконското следење на комуникациите е вршено преку искористување на уредите за прислушкување и тонско снимање на техничките капацитети на средствата за следење на комуникациите при МВР. Исто така во правна сила е и обвинителен акт чија што појдовна основа е токму вака утврденото незаконско следење на комуникациите, а за кои случаи обвинителството веќе има воспоставено стварна надлежност која што во досегашниот тек на постапката не е оспорено од страна на судот.

Согласно член 30 од ЗКП судот е должен да внимава на својата надлежност, а во овој случај надлежноста на специјалното јавно обвинителство извира од законот, кој ја регулира надлежноста на ова јавно обвинителство, а во смисла на чл.166 од ЗКП и чл.17 ст.1 и ст.2 од ЗКП вв чл.2 и чл.5 ст.1 од Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, ЗКП бара подносител на предлог за мерки на претпазливост да биде овластен тужител, а согласно чл.21 т.7 од ЗКП, истиот не оперира со термин надлежен овластен тужител.

Впрочем постапката по предлог за мерки за претпазливост е итна и законодавецот со ниту една одредба не му дал право на судот во таква ситуација да ја утврдува надлежноста на јавниот обвинител како претходно прашање и да изведува докази во таа насока. Таквиот став на судот во ситуација кога има обврска за итно одлучување по предлог за мерки на претпазливост ќе доведе до апсурдни ситуации да во секој предмет судот најпрвин ја расправа надлежноста, па потоа да постапува по барањето, со извонредна можност осомничениот во меѓувреме да стане недостапен.

Дури и членот 294 ст.1 од ЗКП во кој судот се повикува како основ за донесување на ова решение, законодавецот не му овозможил да претходно расправа одредена правна ситуација, конкретно во овој случај надлежноста, пред да одлучува по основаноста на предлогот за определување на мерки на претпазливост.

Ваквиот став наоѓа потврда и во решението КИОК-КС.бр.39/16 од 01.04.2016 година на Кривичниот совет на истиот суд.

Поради наведените суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка во обжаленото решение судот сосема погрешно ја утврдил фактичката состојба во делот на стварната надлежност, односно легитимираност на ова Јавно обвнителство како овластен тужетел во конкретниов предмет, и ако како што наведов погоре и согласно чл.294 од ЗКП такво право судијата на претходна постапка немал.

Од претходно наведените причини,

П Р Е Д Л А Г А М

Кривичниот совет при Основниот суд скопје 1 Скопје да ја уважи жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, да го укине решението на судијата на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 Скопје I КОК ПП бр. 207/16 од 14.06.2016 година и предметот да го упати на повторно одлучување.

Партнери на Правдико