Спогодување на Јавниот обвинител со осомничениот | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Спогодување на Јавниот обвинител со осомничениот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

agreement_grayscale350_51b581b485864Законот за кривичнaта постапка содржи одредби кои за првпат во македонското казненопроцесно законодавство ја регулираат можноста за спогодување на јавниот обвинител и осомничениот за видот и висината на кривичната санкција, предвидуваат поинаков статус на изјавата за признавање вината во фазата на контрола на обвинението, и на приз на ни е то дадено во текот на главната расправа во редовната постапка, како и во текот на рас правата во скратената постапка одошто тоа беше досега случајот со признанието што обвинетиот можеше да го даде пред судот.

Новите решенија со кои суштински се реформира процедуралното постапување прет ставуваат, во својата основа, англосаксонски институти кои имаат долгогодишна традиција во државите од common law со нивно нужно прилагодување кон европската правосудна практика.

Традиционалното казнено-процесно право и судска практика својствени за европското тло, долги години се спротивставуваа на спогодбената односно консензуалната правда поаѓајќи од определбата дека казнената реакција е строго законски утврдена и не познава дијалог, компромис, ниту договор со оглед на фактот што главната цел е заштита на фундаменталните социјални вредности.

Во казнено-процесната литература веќе подолго време се среќаваат обвинувања дека мешовитата кривична ја карактеризираат спорост, нагласен формализам, нефлексибилност и, како резултат на сето ова, неефикасност. Се очекува со можноста за спогодувањето во дел да се надминат ваквите забелешки и да се овозможи кривичната правда да биде остварена во најкраток можен рок.

Прифаќајќи го тврдењето дека ефикасна казнена правда може, во дел, да се обезбеди и преку постапки кои овозможуваат декриминализација, депенализација, алтернативни облици на кривичното гонење и поедноставување на кривичната постапка, потребно е да се прави разлика помеѓу спогодувањето како однос помеѓу сторител на дело (во својство на осомничен или обвинет и задолжително неговиот бранител) и јавниот обвинител, како овластен тужител,како алтернатива на судската постапка, од преговарањето заради обештетување кои може да се одвиваат помеѓу сторителот и оштетениот, а коишто ги раководи трето незасегнато лице (медијатор) и има карактер на алтернатива за гонењето.

Согласно член 206 став 6 од новелираниот закон за кривичната постапка осомничениот пред започнувањето на првото испитување, ќе се информира и за правото на спогодување за вината со јавниот обвинител согласно членовите 489 до 496 од овој закон.

Преговарање за вина

– Субјекти , време и предмет на преговарањето

Од одребите на новелираните законски одредби недвосмиследно произлегува дека субјектите на преговорањето за вина се: осомничениот и неговиот бранител, од една страна и обвинителот од друга страна. Во секој случај субјектите на преговорањето се странки а ако осомничениот, односно обвинетиот има бранител (избран или поставен) во преговорите за вина учествува и бранителот на осомничениот. Во случај кога осомничениот, односно обвинетиот има бранител, самото преговорање за вина по правило ќе се одвива помеѓу бранителот и обвинителот, но бранителот за текот и содржината на преговорањето е должен да го извести осомничениот. Во самата постапка за преговорање за вина, кое се одвива помеѓу странките и бранителите , во оваа фаза судот не учествува. Преговорање за вина може да биде иницирано од било која страна. Имајки предвид да новелираниот кривичен процесен закон времето на овој вид на преговарање на вина го определува со поднесување на обвинение, од што би можело да се заклучи да е ограничено на таа фаза од кривичната постапка.

sudii-zakletva-togi-sudstvo[5]Од самата содржина на законските одредби произлегува да преговорањето за вина може да почне и се одвива во фаза на кривичната постапка – истрага.
Како еден од условите за прифаќање на спогодба за признавање на вина е постоење доволно докази за вина на обвинетиот па при започнувањето на преговори за вина се претпоставува убедувањето на обвинителите да располагаат со доволно докази за вина на осомничениот. Предмет на договорање за вина, е секогаш признавање на вина за дело за кое се терети осомничениот. Тие услови се однесуваат на видот и висината на кривичноправните санкции, односно санкциите кои би му се изрекле на осомничениот за делото за кое тој се терети.

Она што обвинителот може да понуди на осомничениот за неговото признание на вината за делото за кое се терети е изрекување казна под законски одредениот минимум на казната затвор за тоа кривично дело, односно поблаги санкции. При тоа обвинителот мора да се движи во рамките на задолжителните прописи од Кривичниот законик за видот и целта на кривичната санкција, условите за нивното изрекување, казните кои можат да се изречат за пооделни кривични дела и за границите на ублажувањето на законските пропишани казни. Според тоа, во текот на преговорањето за вина обвинителот не може да понуди изрекување на осомничениот казна која би била под најмалата мерка на казна која за одредено казнено дело може да се изрече со примена на одредбите на Кривичниот законик за поблаги казни, ниту би можел да предложи изрекување на условна осуда за дело за кое таа по кривичниот закон не може да се изрече.

Ова се рамките кои треба да ги почитува и бранителот односно осомничениот во случаевите на преговарање за вина.

Процесот на преговорите за условите на признание странките и бранителот можат да го започнат до поднесувањето на обвинението. Крајна цел на преговорањето, е склучување на спогодба, договор во писмена форма кој го составуват обвинителот, осомничениот и неговиот бранител. Присуство на бранителот при превземање на процесни дејствија поврзани со овој процесен институт, ако не е порано изберен или поставен повторно се цени според законските услови и неговото присуство, е облигаторно на начин да осомничениот мора да има бранител. Учеството на судот во фаза на преговарање за условите на признавањето на вината потполно е исклучено. Процесните активности на судот почнуваат откако предлог – спогодбата ке биде
склучена во законска форма и доставена на разгледување. Предмет на спогодбата се услови под кои осомничениот односно обвинетиот го врши
признавањето, а тие првенствено се однесуваат на видот и висина на кривичноправната санкција. Може да се договори и изрекување казна под законскиот минимум со примена на одредба за ублажување на казна, поблаг вид на казна н.пр. изрекување на парична казна наместо казна затвор или пак поблаг вид на кривичноправна санкција на пр. условна осуда наместо казна затвор или парична казна.

Законот не ги ограничува странките и бранителите да кривичноправните санкции прецизно ги одредат шест месеци затвор или парична казна во точно утврден износ во денари. Ако при преговорањето се земат во предвид казнените рамки кои би ги прифатила тогаш востановената судска пракса тогаш се намалува ризикот за отфрлање на спогодбата од страна на судот. Обвинителот може да понуди изрекување на казна под законскиот минимум со примена на одредбите за ублажување на казната или поволната варијанта, изрекување на поблаг вид кривичноправни санкции.

IMG_4980-mala-rezПредмет на спогодбата може да бидат и мерки на безбедност и представуваат една од кривичноправните санкции пропишани со казнениот материјален закон. Секако странките и бранителот при составувањето на спогодбата мораат да ги почитуваат ма те ри јал но правните одредби, односно да се движат во рамките Кривичниот законик. Не може да се до го вори казна или друга кривичноправна санкција која не е предвидена во Кривичниот за ко ник или која не може да се изрече со примена на законските одредби за ублажување на казна .Таквата предлог – спогодба би требало да биде огласена како незаконита, спротивна на принципите на законитоста и спротивна на јавниот интерес. Спогодбата за признавање на вина мора де се однесува на сите обвиненија, бидејки нема делумно признавање на об виненијата и врз основа на таквото признание се сочинува непотполна спогодба. Тоа не е во духот на оваа најефикасна процесна институција.

Реторичката и правна подготвеност на бранителот доаѓа до полн израз во претходното договарање пред склучување на предлог – спогодбата. Вештината и преговарачките ква ли те ти се клучен предуслов за квалитетно решавање на случајот во интерес на осомничениот. Ако предметот на спогодбата е целото обвинение, само тогаш се одбегнува редовна кривична постапка која поминува низ сите фази на кривичната постапка. Овој процесен институт ја најде својата примена во слични процесни модели и во европското континентално право. Така Италијанската кривична постапка предвидува процесен институт изрекување на казна на предлог на странките (т.нар. patteggiamento).

Врз основ на согласноста на странките за правната квалификација на делото и видот и висината на казната се донесува осудителна пресуда пред одржување на главната расправа, со тоа што за битната содржина на осудителната пресуда мора да се согласи судот. Во таа смисла су дот е овластен да го отфрли или прифати предлог, но може и да изрече друга казна од предложената во случај на прифаќање на предлогот. Предлогот на странките може да биде доставен на судот во текот на истрагата, на прелиминарното рочиште или на самата главна расправа. Во секој од наведените случаи пресудата се донесува без одржување на главна расправа, односно доказна постапка. Меѓутоа, овој процесен институт е повеќепати огра ничен, бидејки е условен со полесни кривични дела и фази на кривични постапки во кои странките можат да поднесат предлог за изрекување на казна (предлог не може да се под несе после  отпочнувањето на главната расправа во првостепената постапка).

Извор:http://polis.osce.org/

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Правата и обврските на јавниот обвинител според новиот ЗКП

– Посебни истражни мерки според новиот ЗКП

– Прирачник за главна расправа според новиот ЗКП

– Вкрстено испитување според новиот ЗКП

– Истражни дејствија според новиот ЗКП

– Спогодување за вина според новиот ЗКП

– Прирачник за забрзана постапка според новиот ЗКП

– Истражна постапка според новиот ЗКП

Препорачуваме

Партнери на Правдико