Спор меѓу Германија и Турција околу Инџирлик
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека ќе контактира со претставници на Берлин и на Анкара во врска со турското одбивање да дозволи германски пратеници да ја посетат базата Иџирлик каде што се стационирани и германски војници.
Столтенберг изјави дека веќе се обидел да изнајде решение за спорот. Берлин во минатата недела соопшти дека разгледува повлекување на германските авиони и војници од Турција кои ја поддржуваат меѓународната коалиција во борбата против милитантите на Исламската држава во Сирија и Ирак.
Турција не дозволи посета на германски пратеници како одговор на одлуката на Берлин да им даде азил на турски војници обвинети за неуспешниот државен удар во јули лани.
Извор: Радио Слободна Европа