Според бизнисмените новиот закон за ДДВ ќе биде удар за малите фирми | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Според бизнисмените новиот закон за ДДВ ќе биде удар за малите фирми

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Новите измени на Законот за додадена вредност ќе бидат нов товар за малите фирми, укажуваат бизнисмените. Според новите правила, обврска да плаќаат ДДВ од почетокот на следната година ќе имаат сите фирми кои имаат промет над 16.000 евра, а не како досега со промет поголем од 32.000 евра.

ddv-1

Според бизнисмените со новите законски одредби малите фирми имаат обврска веднаш по фактурирањето на услугата и на неплатена фактура да платат ДДВ и после да го чекаат враќањето на ДДВ-то. Ако досега тие пари беа кај нив, сега со нив додека им се вратат ќе работи државата,коментираат бизнисмените.

Во образложението на предлог законот кој веќе утре е на матичната собраниска комисија, стои дека мерката се носи за да се намали бројот на субјекти кои не пресметуваат ДДВ, а чија дејност овозможува повисока додадена вредност како што се услужните дејности.

Со оваа мерка ќе се зголеми бројот на даночните обврзници кои ќе имаат законска обврска за регистрација за цели на данокот на додадена вредност. Тоа ќе придонесе за намалување на бројот на субјектите кои не пресметуваат ДДВ, а чија дејност овозможува повисока додадена вредност (услужните дејности). Се очекува со ова решение да се обезбеди зголемување на лојалната конкуренција на пазарот.“

ДДВ-то е данокот од кој најмногу се полни буџетот. Лани, од даноци биле собрани околу 900 милиони евра, од кои најголем дел, околу 650 милиони евра, од ДДВ. Во првите три месеци од годинава, УЈП од даноци обезбедила вкупно 224 милиони евра во буџетот, од кои 162 се од ДДВ, што е за 34 проценти повеќе во однос на иститот период лани.

Извор: 24Вести

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико