Спорни гласачи се враќаат во избирачкиот список | Правдико

Правдико

   

Спорни гласачи се враќаат во избирачкиот список

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Спорните гласачи што биле избришани од избирачкиот список за предвремените парламентарни избори повторно ќе ги има на избирачкиот список за локалните избори, велат од ДИК.

За предвремените парламентарни избори спорни беа вкупно 30.447 записи за гласачи кои по вкрстените и теренските проверки не можеа да се пронајдат дека постојат. Од ДИК велат дека овие гласачи ќе бидат вратени на избирачкиот список затоа што така предвидуваат одредбите од Изборниот законик.

Одредбите од законикот, изгласани во 2016 година, важеа само за предвремените парламентарни избори, а по конечните резултати овие одредби се ништовни. Овие 30.000 гласачи повторно ќе ги има на списокот ако ги исполнуваат законските услови, а тоа е, пред сè, да имаат лична карта и да имаат деловна способност, велат од ДИК.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико