Спречен напад во Москва, уапсени припадници на Исламската држава
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапсила терористи кои биле поврзани со “Исламската држава“ и кои планирале напади на јавен превоз во Москва.
Станува збор за граѓани на Русија и од земја од Централно-азискиот регион.
При претрес на нивните станови се пронајдени импровизирани експлозивни направи, како и лабараторија за нивно производство, пренесува “Спутњик“.
Исто така се пронајдени и авотоматски пушки, муниција, како и екстремистичка литература.
Четворицата терористи планирале по извршувањето на терористичкиот напад да ја напуштат Русија и да одат во Сирија за да учествуваат во борбени дејствија на страната на “Исламската држава“.
Извор: Макфакс