Спречен обид за криумчарење мигранти
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Непознато лице се обидело да прошверцува мигранти со автомобил рено Меган, но било спречено од полицијата.
Како што соопштија од МВР, полицајците во сабота кон недела, во 03.20 чaсот, во близина на кружниот тек до казино во Гевгелија забележале автомобил рено Меган со скопски регистарски ознаки, во кое имало повеќе лица, како со голема брзина се упатило по автопатот во правец на Скопје.
Полициските службеници се упатиле по возилото, кое кај клучката кај с.Прдејци излетало од патот. По незгодата возачот се дал во бегство, додека во околината биле затекнати осум лица-мигранти, од кои четири лица од Индија и четири лица од Пакистан.
По консултација со јавен обвинител, дел од мигрантите ќе бидат спроведени во Прифатниот центар за странци – Скопје, а другите се предадени на полициски службеници од ПТЦ Гевгелија за понатамошна постапка.
По извршена проверка утврдено е дека регистарските таблички припаѓаат на друго патничко возило.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.
Извор: Макфакс