Спречен шверц на 14,5 килограми марихуана кај село Богородица
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Патролен тим на АРМ вчераутро пресретнал две непознати лица што илегално се движеле од Македонија кон Грција вчера, во атарот на село Богородица, кај месноста Ѓубриште. Тие почнале да бегаат на територијата на Македонија, при што фрлиле два ранци.
Полициски службеници од граничната полиција во двата ранци откриле 14 пакувања со различна големина, по 7 во секој ранец, со непозната растителна материја, најверојатно марихуана, со вкупна тежина од околу 14,5килограми
Полициска екипа и крим-техника – Гевгелија ја подигнале пронајдената опојна дрога за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Извор: Нова Македонија