Спречен терористички напад во Белгија, уапсен брачен пар | Правдико

Правдико

   

Спречен терористички напад во Белгија, уапсен брачен пар

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата во Белгија приведе брачен пар од иранско потекло осомничен за подготовка на бомбашки напад на собир на иранската опозициона политичка групација.

Како што пренесе „Ројтерс“, полицијата го привела парот во саботата и во нивниот автомобил пронашла 500 грама експлозив, направен во домашна работилница од лесно достапни хемикалии и детонатор.

„АП“ наведе дека полицијата, исто така, извршила рација во пет стана за време на викендот.

Обвинителството соопшти дека и соучесник на приведениот пар бил уапсен во Германија, а во Австрија бил приведен еден ирански дипломат.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико