Спречен терористички напад во очи на референдумот во Турција | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Спречен терористички напад во очи на референдумот во Турција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Најмалку пет лица се уапсени поради сомнение дека се поврзани со Исламска држава и дека планирале “сензационални напади“ во Турција за време на референдумот за проширување на овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, што ќе се одржи во недела.

Според информациите, туркста полиција откако добила дојава, вчера извела три симултани операции во Истанбул. Меѓу уапсените е и државјанин на Таџикистан кој патувал во “зона на судири“ а кој работел за Исламска држава во Истанбул.

Турција е пред историски референдум. Доколку референдумот успее, тоа ќе му овозможи на Ердоган да остане на власт до 2029 година со многу пошироки овластувања отколку сега. Оние што водат кампања против референдумот, предводени од најголемата опозициска Републиканска народна партија велат дека со уставните промени се бришат сите контроли на влијанието на Ердоган со што Турција влегува во авторитаризам.

Инаку, неодамна Исламска држава преку своите медиуми на арапски и турски јазик повика на напади против референдумот, нагласувајќи дека ова гласање е спротивно на Бога и нарекувајќи ги “неверници“ муслиманите кои ќе гласаат.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико