Спречување корупција на универзитетите со новиот закон за заштита на укажувачи | Правдико

Правдико

   

Спречување корупција на универзитетите со новиот закон за заштита на укажувачи

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Институтот за стратешки истражувања и едукација во рамки на проектот „Ќе има ли свиркачи на Универзитетите”, го актуелизира законот за заштита на укажувачи на корупција во високото образование. Во таа насока одржува тркалезни маси пред студентите со цел да ја зголеми перцепцијата за Законот.

20122016144112_web_sprecuvanje_korupcija_univerziteti

– Од истражувањето што го направивме се гледа дека студентите и други вработени во високообразовните институции не се доволно запознаени со можностите од законот односно приликите според кои ќе може да се пријави корупција доколку ја има. Наша цел и е универзитетите да создадат внатрешни политики според кои ќе се спречува корупцијата – вели професорот Мишо Докмановиќ, член на Институтот.

На тркалезните маси на студентите им се укажуваат и компарациите од тоа како се решава проблематиката во други земји и начините на спречување на корупцијата.

– Освен корупцијата во вид на давање пари за положување испити или купување книги за положување испит постојат и други начини на коруптивно однесување како непотизмот и слични врски за поминување испитни сесии кои студентите исто така можат да ги пријават – вели професор Беса Арифи.

Законот за заштита на укажувачите на корупција во високото образование е стапен на сила пред една година.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико