Срби на Халкидики краделе луксузни автомобили
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Грчката полиција уапсила двајца државјани на Србија осомничени за кражба на неколку луксузни автомобили на Халкидики.
Се работи за 24-годишна жена и 33-годишен маж, за кои постои сомневање дека биле „јадро“ на група која крадела автомобили, но секогаш во поинаков состав. Украдените возила ги криеле во куќа, која ја изнајмиле на Халкидики.
Грчката полиција соопшти дека осомничените од 13 јули во поширокиот регион на Касандра украле четири возила од марката „Ленд ровер“ и се обиделе да украдат уште едно. Истрагата за случајот продолжува со цел да се утврди дали осомничените учествувале во уште некои кривични дела.
Уапсените ќе бидат изведени пред обвинител од регионот Халкидики.
Извор: Нова Македонија