Србија бара итна седница на Советот за безбедност на ОН | Правдико

Правдико

   

Србија бара итна седница на Советот за безбедност на ОН

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

UN_FlagСрпската Влада ќе побара одржување на седница на Советот за безбедност на Обединетите нации поради синоќешните најави за формирање на армија  на Косово и влошување на безбедносно политичката ситуација на Косово, изјавил министерот задолжен за Косово и Метохија, Александар Вулин.

Тој изразил длабока загриженост поради влошувањето на безбедносно политичката ситуација на Косово и Метохија, почнувајќи од каменувањето на српските аџии во Ѓаковица, па до забраната за влез на граѓани од Србија во Косово, за што, како што рекол Вулин, се уште немало јасна и одредена осуда, пишува Танјуг.

Вулин изјавил дека најавата за реорганизација на косовските безбедносни сили во косовска војска треба да ја загрижи целата меѓународна заедница.

„Тоа е неприфатливо и спротивно на резолуцијата 1244, во која јасно се вели дека не може да постои војска на Косово и Метохија. Тоа е територија под управа на ОН и може да постои само една вооружена сила, а тоа е КФОР”, порачал Вулин на конференција за медиуми во четврток во српската влада.

Тој истакнал дека владата бара итна седница на Советот за безбедност на тема почитување на Резолуцијата 1244 и најновите случувања на Косово.

Насилството што, според него, станало секојдневие на Косово, е насочено кон Србите.

Извор: Netpress

Препорачуваме

Партнери на Правдико