Србија до крајот на годината треба да отпушти 9000 административци | Правдико

Правдико

   

Србија до крајот на годината треба да отпушти 9000 административци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

kancelraijaСрбија: До крајот на годината, во јавната администрација ќе бидат отпуштени најмалку 9.000 вработени, а првиот бран отпуштања може да започне во септември, по усвојувањето на законот со кој ќе се пропише максималниот број на вработени по сектори.

Во споредба со Европа, во Србија гледано според бројот на населението и не работат многу службеници во државниот сектор. Но сепак, во споредба со вкупниот број на вработени и за постигнатите резултати, половина милион е премногу, велат во Министерството.

Државата ќе се обиде да ги натера да работат подобро и поефикасно, но многу ќе бидат оставени без работа. За почеток, кон крајот на годината 4.600 вработени во државната администрација, ќе бидат отпуштени главно во здравството и образованието. А уште 4.500 ќе бидат од локалните самоуправи, вклучувајќи ги и нивните јавни претпријатија.

Министерот за државна администрација и локална самоуправа, Кори Удовички рече дека, колку се чека повеќе, толку ќе се зголемува бројот на луѓе кои мора да си заминат.

Со ММФ е договорено дека бројот на вработени и трошоците за нивните плати за оваа година и во следните две години ќе се намалат за 15 проценти. Сепак, благодарение на резултатите од мерките на штедење, бојот на откази ќе биде помал.

Кои ќе бидат секторите и каде ќе има најголем број на откази, ќе биде одлучено од страна на Владата на предлог на надлежните министри, по донесувањето на законот со кој ќе биде пропишан  максималниот број на вработени по сектори. Веќе е познато дека поголемиот дел од општините, 80 отсто од нив имаат вишок вработени, и ќе мора да отпуштат околу 4.500 работници.

Препорачуваме

Партнери на Правдико