Србија и Хрватска се подготвуваат за судењето за геноцид | Правдико

Правдико

   

Србија и Хрватска се подготвуваат за судењето за геноцид

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

international_court.jpeИ покрај разговорите меѓу Србија и Хрватска за повлекување на взаемните обвинувања за геноцид за време на конфликтот од 1990-тите во Меѓународниот суд на правдата во Хаг, двете страни почнаа да се подготвуваат за судењето.

Првото рочиште е закажано за 3. март.

Српскиот премиер, Ивица Дачиќ, рече дека судењето би го забавило стабилизирањето на односите помеѓу Србија и Хрватска, но додаде и дека судската разрешница би можела да помогне да се затворат сите отворени прашања.

„Подготвени сме за судењето и имаме многу солиден правен тим“, соопшти Дачиќ за новинарите.

Хрватска ѐ постави три услови на Србија за да се откаже од обвиненијата: решавање на прашањето со исчезнатите лица, решавање на разни кривични дела и дефинирање на границата по Дунав.

„За воопшто да разговараме за повлекување на обвиненијата, мора да бидат исполнети одредени услови, но не се. Најважно е да се реши статусот на исчезнатите лица. Останува и прашањето за гонење на сторителите на кривичните дела, реституција на културната сопственост и друго“, изјави во октомври хрватскиот министер за правда, Орсат Милјениќ, за „Вечерњи лист“.

Министерката за надворешни работи, Весна Пусиќ, се согласува со тоа.

„Има предуслови што мора да се исполнат за воопшто да почнеме да размислуваме за разговори за повлекување“, рече Пусиќ.

Заменик-премиерот, Расим Љајиќ, рече дека Србија сака вонсудско спогодување за да се намали тензијата помеѓу двете земји. Тој рече дека Србија ја поднела контра-тужбата 10 години откако Хрватска ја поднела тужбата, надевајќи се дека официјалните претставници во Загреб ќе се откажат од обвиненијата.

„За жал, хрватските водачи можеби беа подготвени да се откажат од тужбите, но немаа храброст да го направат тоа поради притисокот од јавноста“, рече Љајиќ.

Љајиќ рече за SETimes дека судењето би можело да значи нов почеток за двете земји.

„Претпоставувавм дека ќе има судење, оставам малку простор за надеж дека ќе успееме да се договориме. Сепак, апсолутно сум убеден дека не е можно Хрватска да победи на суд. Важно е да излеземе од процесот како страната што, во најмала рака, не изгубила, и да ги изградиме нашите односи со Хрватска на тие нови основи“, рече Љајиќ.

Но, многумина се надеваат дека тужбата ќе биде повлечена.

Соња Бисерко, претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права и граѓански активист од Белград, беше наведена како сведок за Хрватска. Таа рече за SETimes дека тоа ја направило мета на притисоци.

„Тоа што моето име се појави на списокот на сведоци за хрватската страна во судскиот процес против Србија за геноцид е очигледно осмислен чекор со цел да ме изложат на поголем притисок и на малтретирање, за да ме избркаат од земјата“, изјави Бисерко.

Таа рече дека повлекувањето на обвиненијата би било знак на зрелост на политичарите и на општеството на двете страни, што би ги довел чекор поблиску до воспоставување на подобра регионална соработка.

Маја Бобиќ, генерален секретар на Евопското движење во Србија, рече дека со приклучувањето на Европската унија, Хрватска има одговорност да поттикнува стабилни регионални односи.

„Хрватска треба да ги почитува европските постулати и да настојува да соработува со соседните земји, како и да биде таа што ќе го иницира конечното помирување во овој регион“, рече Бобиќ заSETimes.

Извор: SETimes

Препорачуваме

Партнери на Правдико