Правдико

   

Србија и Косово да спроведат истрага за исчезнатите лица

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вчера (30.08) се одбележа Меѓународниот ден на исчезнатите лица. Организацијата за заштита на човековите права Амнести интернешнл притоа побара од некои земји, меѓу нив и Косово и Србија, да сторат повеќе за овој проблем.

loring-amnesty-international-logo

По повод Меѓународниот ден на исчезнатите лица, кој се одбележува вчера (30.08), организацијата Амнести интернешнл ги повика Србија и Косово да спроведат брза, независна, ефикасна и непристрасна истрага против осомничените за присилни исчезнувања и киднапирања, извршени пред, за време и после оружениот судир во Косово во 1999 година.

Меѓународната организација за заштита на човековите права во својот извештај истакнува дека и 15 години по завршувањето на конфликтот околу 1.700 лица се сметаат за исчезнати.

Амнести наведува дека во Босна и Херцеговина 7.800 лица се водат за исчезнати, а во Хрватска 2000. Нивните семејства се‘ уште чекаат да бидат пронајдени телата на нивните најблиски. Дури и во оние случаи кога телата се пронајдени и вратени на семејствата за да ги погребаат, многу мал број одговорни за киднапирање и исчезнување на луѓе биле изведени пред лицето на правдата.

Иако Србија, Црна Гора и БиХ ја ратификуваа меѓународната Конвенција за заштита на сите лица од насилни исчезнувања, тие допрво треба да ги завршат своите обврски и да им ја кажат вистината на семејствата на исчезнатите за околностите на исчезнувањето, текот и резултатите од истрагата. Хрватска и Македонија ја потпишаа, но сѐ уште не ја ратификуваа Конвенцијата, наведува Амнести.

Организацијата Амнести интернешнл изразува загриженост и ги повикува сите поранешни команданти и политички лидери вмешани во оружените судири да обезбедат целосни информации за локациите на потенцијалните гробници, како и повторно да воспостават протоколи за размена на вакви информации.

Извор: Deutsche Welle

Партнери на Правдико