Србија: Имаме 30 нови сведоци против Харадинај | Правдико

Правдико

   

Србија: Имаме 30 нови сведоци против Харадинај

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерката за правда на Србија, Нела Кубуровиќ, изјави дека имаат 30 нови сведоци за проширената истрага против косовскиот политичар Рамуш Харадинај.

srbija-haradinaj-svedoci

Србија бара итна екстрадиција за Харадинај, изјави шефот на Канцеларијата на Владата на Србија, Марко Ѓуриќ по седницата на кабинетот, свикана за овој случај и вчерашното ослободување од притвор.

Министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, рече дека Србија нема да се откаже од гонење на Харадинај и ќе продолжат со барањето за екстрадиција од Франција.

– Ќе се продолжи со гонење на сите обвинети и осудени за воени злосторства, без оглед на националноста – заклучи српската влада.

Ѓуриќ апелираше до сите земји-членки и другите земји да го почитуваат меѓународното право и потерницата на Интерпол, а не носат политички одлуки за такви случаи.

Судот во францускиот град Колмар одлучи да го ослободи Харадинај од притвор и му го одзема пасошот, наложувајќи му два пати неделно да се пријавува во полиција.

Харадинај е обвинет за злосторства против цивили во текот на 1998 и 1999 година за кои не му се судеше во Хаг.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико