Србија: Изречени првите казни за родителите што не ги вакцинирале децата | Правдико

Правдико

   

Србија: Изречени првите казни за родителите што не ги вакцинирале децата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Белград се изречени првите парични казни за родителите што не ги вакцинирале своите деца со вакцина против заушки, рубеола и мали сипаници. Според податоците на прекршочниот суд, во изминатите три месеци изречени се три парични казни, како и 10 предупредувања.

Од март минатата година, кога стапи во сила Законот за заштита на населението од заразни болести, поднесени се 241 пријава, со кои се предлага изрекување парични казни и до 1.200 евра.

Донесени се 32 одлуки од кои 21 осудителна.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико