Правдико

   

Србија ќе суди за воени злосторства по обвинение од БиХ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

bih srbija zastaveОбвинителството на Босна и Херцеговина соопшти дека има поднесено обвинение за воени злосторства против српскиот државјанин Велибор Максимовиќ, на кој ќе му се суди во Србија. Ова е доказ за успешната соработка помеѓу двете земји за ваквиот тип на случаи,  а со цел да се избегне злоупотреба на двојно државјанство.

Максимовиќ (42) е роден во Власеница во Босна и Херцеговина, а по војната тој се преселил во Србија, каде што добил државјанство, објави новинската агенција Фена.

Обвинетиот за време на војната во Босна и Херцеговина, како член на армијата на босанските Срби во општината Братунац, во источна Босна, постапил спротивно на одредбите на меѓународното хуманитарно право и Женевската конвенција за заштита на цивилите во вооружени конфликти.

Тој беше обвинет дека во мај 1992 година, заедно со неколку војници, убиле четворица заробени  цивили. Обвинението го товари и за  повеќекратни силувања на заробена и врзана Бошњачка.

Од обвинителството  истакнуваат дека во текот на истрагата за кривичните дела во кои  бил вмешан Максимовиќ, имале многу добра соработка со Обвинителството за воени злосторства во Србија, кое го организира и сослушувањето на обвинетиот .

Во наредниот период, правосудните органи на  БиХ ја спреведуваат целата постапка за случајот да му го препуштат на српското судство.

“Овој случај е уште една потврда за добрата соработка помеѓу обвинителствата на двете земји во судењето на воените злосторства како и порака до обвинетите  за воени злосторства дека повеќе нема да можат да се кријат во земјите од регионот”, истакнуваат од Јавното обвинителство на БиХ.

Извор:Tanjug

Партнери на Правдико