Србија: Ослободен сопственикот на менувачницата кој го убил разбојникот во самоодбрана | Правдико

Правдико

   

Србија: Ослободен сопственикот на менувачницата кој го убил разбојникот во самоодбрана

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

contact-law-court-_2510890bРајко Маркович(48) од Пожега, сопственикот на менувачницата, во која минатата година пред својот дуќан смртно го ранил разбојникот Драгослав Лазаревиќ(39), е ослободен од обвинението за убиство. Вишиот суд во Ужице одлучил дека Марковиќ пукал во Лазаревиќ во нужна одбрана.

Лазаревиќ на 25 март 2014г. маскиран и наоружан на сред бел ден упаднал во менувачницата ,,Марлис” во центарот на Пожега и му запретил со оружје, при што ги одзел парите од касата, и почнал да бега во правец на автомобилот кој му бил паркиран пред менувачницата.

Марковиќ извадил пиштол и се упатил на кај разбојникот. Започнала огнена пресметка помеѓу нив двајца, при што ранетиот Лазаревиќ  успеал да го стартува својот автомобил и да побегне.

Пронајден е мртов на 500 метри од менувачницата, во своето возило кое се удри во бандера на соседната улица.

Како доказ во оваа постапка користено е и видео снимка од менувачницата во која се гледа како разбојникот го репетира својот пиштол и го вперува во сопственикот. Судскиот вештак во својот извештај навел дека Рајко Марковиќ во тие моменти кои претходеле, пукал во состојба на страв од висок интензитет.

Извор: Блиц.рс

Препорачуваме

Партнери на Правдико