Србија отвора две нови поглавја од преговорите за членство во ЕУ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Србија денеска во Брисел ќе ги отвори поглавјата 7 и 29 од преговорите за членство на земјата во ЕУ, јави Танјуг.
Српската делегација на преговорите ќе ја предводи министерката за евроинтерграции Јадранка Јоксимовиќ, која изјави дека поглавјата за авторските права и интелектуалната сопственост и за царините се особено важни теми за Србија.
„Тоа е нашто што ќе придонесе за развој на економијата базирана на знаење“, рече Јоксимовиќ во пресрет на денешната шеста по ред преговарачка конференција меѓу Белград и Брисел.
Ова е второ отворање на нови поглавја од преговорите меѓу Србија и ЕУ годинава, откако во февруари исто така беа отворени две поглавја. По денешната конференција, Србија ќе има отворено 10 од вкупно 35-те поглавја од договорот за членство во ЕУ.
Извор:Радио Слободна Европа