Србија отвори две нови поглавја од преговорите со ЕУ | Правдико

Правдико

   

Србија отвори две нови поглавја од преговорите со ЕУ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Србија отвори две нови поглавја од преговорите со ЕУ, односно поглавјата 20 и 26, кои се однесуваат на претприемништвото и индустриската политика и културата и образованието, пренесуваат српските медиуми.

Како што пренесува Танјуг, на меѓувладината конференција привремено било затворено поглавјето 26, поради тоа што во областа на образованието и културата не постојат заеднички ЕУ критериуми кои се неопходно за усогласување, а со тоа ни мерки за затворање на поглавјата.

Србија досега за време на преговорите за членство во ЕУ отвори осум, а привремено затвори две од вкупно 35 поглавја. На состанокот во понеделникот во Брисел српската страна беш предводена од страна на министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ, додека од страна на Европската комисија присуствуваа еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан.

Иако важи за едно од полесните поглавја, поглавјето 26 беше блокирано се до почетокот на оваа година поради примедбите на Хрватска на учебниците на мајчиниот јазик на малцинствата. Зеленото светло за отворањето на поглавјето 20 од страна на земјите членки на ЕУ на Србија и беше дадено кон средината на месецов откако од Европската служба за надворешни работи беше добиен извештајот за напредок во процесот на дијалог помеѓу Белград и Приштина.

Извор:Макфакс

Партнери на Правдико