Србија почнува партнерство со НАТО | Правдико

Правдико

   

Србија почнува партнерство со НАТО

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Два месеци откако Србија се согласи на пионерско партнерство со НАТО, зделката само што не започнала.

Според амбасадорот на САД во Србија, Мајкл Кирби, двегодишниот Акциски план за поединечно партнерство (АППП), одобрен на 15 јануари, ќе стапи во сила во март. Договорот е највисокото ниво на соработка што ја нуди воената алијанса од 28 земји на земjите што не се членки.

nato-srbija

„Србија има добра и сериозна армија, логично е што сака да соработува со колегите, да ја подобрува и унапредува својата војска, токму затоа НАТО е добра опција како потенцијален партнер“, рече Кирби на 18 фебруари во текот на предавањето за програмата „Партнерство за мир“ на Економскиот факултет во Нови Сад.

Договорот е „во согласност со посветеноста на Србија активно да учествува во „Партнерството за мир“, како и со политиката за воена неутралност“, рече српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.

„Усвојувањето на АППП е значаен чекор нанапред во нашите односи со НАТО и ќе создаде услови за редовен и структуриран дијалог, вклучувајќи дијалог на политичко ниво“, додаде тој.

Под програмата „Партнерство за мир“, на која и` се приклучи Србија во 2006 година, односот на Белград со НАТО беше ограничен на министерството за одбрана. АППП сега ја покачува соработката на НАТО со Србија на владино ниво.

Второто поглавје на АППП, „што се однесува на прашања од воената и одбранбената област, ќе се спроведува во согласност со одлуките на српската влада, што е исто така партнер во соработката со НАТО“, рече министерството за одбрана во својата изјава за SETimes.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, исто така забележа дека АППП ќе го зајакне взаемното разбирање со Србија.

„Новиот договор склучен на [15 јануари] ќе ни овозможи да ја зајакнеме соработката за прашања од заеднички интерес и за наша заедничка корист“, рече Столтенберг. „На пример, работејќи заедно на промовирање стабилност и безбедност, во решавањето безбедносни предизвици со кои се соочуваме денеска и преку експертизата за реформирање на секторот за одбрана и за безбедност обезбедена од НАТО“.

Спроведувањето на договорот следниот месец има други придобивки за Србија.

Сè уште има многу незавршени структурни реформи во српскиот безбедносен систем што се важни за интегрирањето во ЕУ, рече Јелена Милиќ, раководител на Центарот за евроатлански студии во Белград.

„Соработката со НАТО може значително да ги забрза и подобри овие реформи“, рече Милиќ заSETimes.

За НАТО, АППП значи прилика да се работи заедно со српската влада на разни политички и воени прашања, од институционални реформи и планирање во итни ситуации, до контратероризам и одбрана од хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни (ХБРН) агенси.

Важен приоритет ќе биде работењето заедно на понатамошно промовирање на транспаретна демократска контрола на вооружените сили. АППП исто така ја повикува Србија да го подобри јавниот пристап до информации за придобивките од соработката.

„Министерствата мора да бидат потранспарентни во промовирањето на значителни иновации направени од страна на АППП“, рече Милиќ.

Според истражување објавено мината седмица од „Новата српска политичка мисла“, само 9,4 отсто од српските државјани поддржуваат членство во НАТО.

Како што забележа шефот на Атлантскиот совет на Србија, владан Живуловиќ, „Јавното мислење може лесно да се смени ако медиумите и владата ја поддржуваат нивната идеја за атлантска интеграција.

„Во услови на затегнување на односите помеѓу Западот и Истокот, усвојувањето на АППП е многу важен и јасен знак дека Србија се движи кон западна ориентација“, рече за SETimes Александра Јоксимовиќ, претседател на Центарот за надворешна политика во Белград.

Во декември, Србија стана претседавач на Раководната група на НАТО за безбедноста на Југоисточна Европа (SEEGROUP). Воената неутралност прогласена во 2007 година ја спречуваше земјата во барањето целосно членство во НАТО.

Извор: SETimes

Препорачуваме

Партнери на Правдико