Србија: Се размислува за воведување на Закон за личен стечај | Правдико

Правдико

   

Србија: Се размислува за воведување на Закон за личен стечај

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Personal-BankruptcyНародната банка, државните органи, во соработка со ММФ, Светската банка и ЕБОР, работат на системско решавање со проблематичните кредити. Од Народната банка на Србија известуваат дека по усвојувањето на стратегијата кон крајот на јуни, ќе следуваат нови нормативи за поединечни области, вклучително и Закон за личен стечај.

Развод, болест, губење на работното место е доволно работите да почнат да одат надолу. А што ако имате кредит за стан? Во Словенија се прогласува личен стечај ако доцните со плаќање 60 дена или три месеци не примате плата. Ова е проследено со постапка во суд. Судијата прогласува личен стечај и ви доделува финансиски старател.

Банките се повеќе се занимаваат со ненаплатливи кредити отколку со одобрување нови. Тие сметаат дека лошите кредити се чиста загуба, и ги повикуваат должниците на нов договор , бидејќи тоа е подобро отколку запленување на имотот, кое се применува како последно средство.

“Можно е кредитот да вклучува осигурување со кое ќе се покриваат наредните шест рати. Па така банката ќе додели грејс период, намалување на каматните стапки, и продолжување на ратите прилагодувајќи се на капацитетот за отплата на клиентите”, вели Кристина Марковиќ од “Сбербанк”.

Секоја четврта компанија не го враќа кредитот, додека околу половина милион луѓе се во некаква блокада вклучувајќи долг за електрична енергија, комунални услуги, даноци или договори за лизинг.

Дали прогласувањето на личен стечај би ги спасило граѓаните на Србија од непријатностите?

“Мислам дека ова е самопреживување и една опција која треба да се користи во мал број и во најтешките случаи. Сите други ќе мора да бираат други начини, дали ќе се договорат со банката, дали ќе се позајмат од друго место или на некој трет начин за да не дојдат повторно во таква ситуација, но сепак личниот стечај во Србија би била голема срамота”, вели Љубомир Савиќ професор на Економскиот факултет во Белград.

Во Словенија, која има најмногу искуство во примената на Законот за личен стечај, ако должниците ги следат наредбите на финансиските старатели најмалку три до пет години и ги исполнуваат обврските , остатокот од долгот се опростува. Со големи жртви по тој период ви се брише лошата кредитна историја и продолжувате со нов живот ослободен од долгови.

Извор: RTS

Препорачуваме

Партнери на Правдико