Србија: Уапсени 29 полицајци и 9 цариници поради поткуп | Правдико

Правдико

   

Србија: Уапсени 29 полицајци и 9 цариници поради поткуп

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

2163769-22Министерството за внатрешни работи на Србија уапси 29 полицајци, девет цариници и еден граѓанин поради поткуп, злоупотреба на службената должност и заговор за извршување кривични дела.

Осомничените во изминатите 15 месеци, на граничниот премин Бачки брег кон Унгарија, како членови на организирана криминална група, за време на својата смена не ги извршувале своите надлежности за спречување шверц и други кривични дела, туку примале пари и подароци за себе и за членовите на групата.

Полициската акција беше спроведена во координација со Националната служба за заштита на Министерството за внатрешни работи и Унгарија, и со акцијатасе спречи шверц на акцизна стока во ЕУ и злоупотреба на безвизениот режим за граѓаните на Србија пренесува Бета.

“Полициските службеници од Секторот за внатрешна контрола ќе продолжат со мерките и активностите на оваа тема во контролата на корумпираните полицајци”, се вели во соопштението на полицијата.

Препорачуваме

Партнери на Правдико