Правдико

   

Србија воведува доживотна казна затвор

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Србија ќе воведе доживотен затвор со можност за условно пуштање после 25 години, изјави за „Политика“ професорот Станко Бејатовиќ, кој е и претседател на Српското здружение за кривичнопоправна теорија и пракса и член на работната група за измени на Кривичниот закон.

“Условното пуштање ќе биде можност, а не обврска. Тоа е меѓународен стандард”, додаде професорот Бејатовиќ.

Секој осуденик на доживотен затвор ќе може после 25 години поминати зад решетки да напише молба, а судот ќе одлучи дали ќе биде и пуштен на слобода под услов да не го повтори кривичното дело. Воведувањето доживотен затвор е резултат на потребата од построга казна кога станува збор за извршители на најтешки кривични дела, меѓу кои и убиства на деца.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико