Средба на министри од ЕУ посветена на бегалската криза | Правдико

Правдико

   

Средба на министри од ЕУ посветена на бегалската криза

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министрите за правда и за внатрешни работи од земјите-членки на Европската унија ќе се сретнат денеска во Брисел на вонреден состанок, посветен на решавањето на бегалската криза.

F9C62798C3BB96CD7DB3218E647846C8

Министрите ќе разговараат за планот за солидарно прифаќање на околу 160.000 бегалци од земјите зафатени од војна на Блискиот исток и Африка, кој минатата недела го претстави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Неколку централно-европски и источни членки на ЕУ веќе изразија остро противење на планот, кој подразбира задолжителни квоти за сите држави од ЕУ, во зависност од нивниот капацитет за прием на бегалци.

Истовремено, со министрите за внатрешни работи и правда, во Брисел денеска ќе заседаваат и шефовите на дипломатии од ЕУ, во рамки на редовниот состанок на Советот за општи работи.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико