Средба Шахпаска-Тавила: Со хармонизација на здравствената и социјална заштита до поголема правичност за граѓаните | Правдико

Правдико

   

Средба Шахпаска-Тавила: Со хармонизација на здравствената и социјална заштита до поголема правичност за граѓаните

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска се сретна со претставничката на СЗО во Северна Македонија, Жихан Тавила, шефицата на Европската канцеларија на СЗО во Венеција, Италија Крис Браун, и останатите соработници.

Тема на средбата беше справувањето со социо-економските нееднаквости при пружање на здравствените услуги на граѓаните. Акцентот беше ставен на меѓуинституционалната соработка и размената на податоци како особено значајни во креирањето  мерки за ранливите категории граѓани.

Министерката Шахпаска истакна дека на почетокот на пандемијата Владата постави два клучни прииоритети, зачувувањето на секое работно место и помош и поддршка за ранливите категории граѓани. Шесте пакети економска помош беа креирани со цел да одговорат на потребите на граѓаните и компаниите кои беа најмногу погодени од пандемијата. А дополнително беа олеснети и критериумите за влез во системот на социјална заштита, со цел да им се излезе на пресрет на граѓаните полесно да го пребродат кризниот период.

„Успешноста на социјалната реформа не е во тоа што повеќе граѓани да бидат регрутирани во системот на социјална заштита, туку да ги активираме на пазарот на труд, преку изработка на индивидуални планови на Агенцијата за вработување и центрите за социјална работа. Дека Оперативниот план на активни мерки и програми е успешен говорат и бројките од 94% реализација за минатата година и досегашните 87% реализација за оваа година“, рече Шахпаска.

Таа потенцираше дека фокусот на работењето на Министерството за труд и социјална политика се ранливите категории на граѓани и обезбедувањето номош и поддршка согласно нивните потреби. Во таа насока министерството работи на поголема достапност на социјални услуги на локално ниво, изградба на детски градинки во рурални средини, активација на тешко вработливите членови од семејствата на пазарот на труд, поддршка на старите лица, унапредување на правата на лицата со попреченост, родова еднаквост, формализација на неформалните работни места.

Претставничката на СЗО во Северна Македонија, Жихан Тавила, изрази задоволство од дискусијата со министерката Шахпаска, на која беше истакната важноста на социјалната агенда и на реформите во социјалната сфера за здравјето и правичноста во однос на пристапот до здравствени услуги за целото население.

„За да имаме добри политики засновани на докази, надзорот над правичноста во поглед на здравјето е од круцијална важност и треба да претставува дел од Националната стратегија за развој. СЗО, заедно со националните партнерски агенции и соодветните министерства, ќе ја поддржи изработката на национална рамка за надзор над правичноста во поглед на здравјето“, истакна Тавила, претставничка на СЗО во Северна Македонија.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико