Средношколец од Струга под закана бил сексуално злоупотребуван од друго малолетно лице
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На 28.03.2018 година во 11.00 часот во Полициската станица Струга, од Центарот за социјални работи Струга било пријавено дека ученик од средно училиште од Струга, според негово кажување, во неколку наврати под закана бил сексуално злоупотребен од друго малолетно лице-ученик.
Со малолетникот во Центарот за социјални работи бил извршен разговор во присуство на социјален работник, психолог, педагог и адвокат за деца. Во разговорот малолетникот изјавил дека во повеќе наврати во летото 2017 година во неговиот дом бил сексуално злоупотребен од страна на друго малолетно лице-ученик во средно училиште.
Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на настанот.